АлтернАтивА: Да се отвораат паралелки на албански јазик во училиштето во Брњарце

АлтернАтивА: Да се отвораат паралелки на албански јазик во училиштето во Брњарце

АлтернАтивА: Да се отвораат паралелки на албански јазик во училиштето во Брњарце

Веста дека во училиштето на село Берњарце – Општина Гази Баба управителите на училиштето, но и родителите на учениците, не сакаат да отворат албански паралелки за учениците од оваа населба, е најлошата слика на мултиетничкото општество и мултиетничката држава. Принудувањето на албанските деца од Брњарце да патуваат неколку километри до училиштето во Арачиново и да ги товариш родителите со дополнителни трошоци само поради албанофобија, тоа е непростливо и неоправдано.
Во време кога лидерите на оваа земја се гордеат дека изградиле мултиетничка држава, да не им се овозможува на албанските деца уставното право да посетуваат настава на својот мајчин јазик во најблиското училиште на нивната општина само затоа што некој има предрасуди и етнички стереотипи, не можеме да го дозволиме ова.
Иако овој не е нов проблем и тоа го дозволиле и некои министри Албанци за образование, ова е краен момент овој проблем да се реши. Затоа, АлтернАтивА ги поддржува барањата на родителите Албанци за нивните деца да посетуваат училиште во Брњарце и ја повикува министерката за образование, Мила Цароска, и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, што поскоро да ги отвораат овие паралелки на Албански јазик и да не се дозволи етничка дискриминација на албанските деца.

Алтернатива – Скопје

Скопје, 04.09.2021 година

Close