Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, го прими Францускиот Амбасадор во земјата, г. Сирил Бомгартнер

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, го прими Францускиот Амбасадор во земјата, г. Сирил Бомгартнер

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, го прими Францускиот Амбасадор во земјата, г. Сирил Бомгартнер

Денес, на 18 јуни, претседателот на партијата, г. Африм Гаши, го прими на првата протоколарна средба, во седиштето на партијата, неговата Eкселенција, Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, г. Сирил Бомгартнер (Сирил Баумгартнер). Присутен на средбата, од страна на Алтернатива беше и пратеничката Сафије Садики Шаини, а од француските гости на оваа средба присуствуваше и преведувачот на амбасадата и одговорен за протоколот, г. Ардијан РАМАДАНИ.

На почетокот, претседателот Гаши му честиташе на амбасадорот за добивањето на новиот мандат на вонреден и ополномоштен амбасадор во Северна Македонија, посакувајќи му успех и изразувајќи му желба за продолжување на меѓусебната соработка меѓу Амбасадата на Франција и партијатата „Алтернатива“.

Претседателот Гаши го информираше амбасадорот Бомгартнер за политичкиот напредок на Алтернативата и нејзините охрабрувачки политики кон демократизација на земјата.

Покрај актуелната политичка состојба во земјата, тема на дискусија на состанокот беа и политичката состојба во регионот, односите меѓу Северна Македонија и соседните земји, имено Бугарија, односите меѓу Косово и Србија, во однос на евроинтеграциите, членството на регионот во Европската Унија, како и влијанието на Франција, преку методологијата за проширување, во олеснување на отворањето на регионот на овој неизбежен пат.

На состанокот се дискутираше и за состојбата со пандемијата КОВИД-19, за процесот на вакцинација и за излезот од оваа состојба.

Претседателот Гаши и амбасадорот Бомгартнер се согласија да продолжат со вакви средби и во иднина и да се негуваат плодни односи.

Close