Алтернатива – Огранок Гази Баба: Улиците во населбата Хасанбег со катастрофална состојба – Претседателот Георгиевски не оставил пат преку кој ќе дојде да побара гласови

Состојбата на патиштата во општина Газибаба, особено во албанското населено место Хасанбег, долго време остануваат во милост на судбината и на локалните власти.
Во летото 2016 година, кога катастрофалните поплави оштетија многу патишта и улички од оваа населба, ветувањата од сегашниот градоначалник, Борис Георгиевски, на локалните избори во 2017 година беа дека секоја улица и уличка ќе бидат асфалтирани.
Но, ова не се случува веќе 4 години и очигледно е дека тоа е оставено во вечен заборав. Потпирајќи се на слоганите како „Живот за сите“ и со други големи ветувања, локалните власти на СДСМ, заедно со нивниот градоначалник Борис Георгиевски, оставија само траги од неасфалтирани патишта во албанските населби на нашата општина.
Затоа, АлтернАтивА – Огранок Газибаба, преку ова соопштение до јавноста, ја известува локалната самоуправа на СДСМ и нивниот претседател дека периодот на празни зборови е веќе завршен, додека локалните избори во октомври ќе бидат крај на празните ветувања. Тој не остави пат преку кој ќе дојде да бара гласови.

АлтернАтивА – Огранок Газибаба

18.06.2021

Close