Коалицијата АлтернАтивА & Алијанса за Албанците: Подмирувањето на општинските долгови е стимулирање на неспособноста и корупцијата

Коалицијата АлтернАтивА & Алијанса за Албанците: Подмирувањето на општинските долгови е стимулирање на неспособноста и корупцијата

Коалицијата АлтернАтивА & Алијанса за Албанците: Подмирувањето на општинските долгови е стимулирање на неспособноста и корупцијата

Деновиве премиерот Заев најави дека се обезбедени 50 милиони евра за исплата на долговите на општините кои тонат во долгови. Да беше прв и единствен пат и да се случеше со цел единиците на локалната самоуправа да станат функционални, ова би било одлична вест, но со оглед на тоа дека ова се случува повеќе пати, со право можеме да заклучиме дека станува збор за аномалија и злоупотреба а не за некаков успех.
Во Северна Македонија имаме десетици општини кои работат со загуби, имаме општини кои не плаќаат надоместоци за наставниците, како што е примерот со Општина Сарај, имаме општини кои немаат финансиска транспарентност и оставаат огромен простор за сомнежи за корупција, истовремено имаме општини кои намерно се задолжуваат, бидејќи тоа им отвора врата за корумпираност, но на крај владата им ги плаќа сите долгови и ги враќа на „нула“. Во однос на управувањето со јавните финансии, ова е стимулирање на општинската неспособност и стимулирање на корупцијата.
Покрај тоа, кога ова се случува во изборна година и тоа токму на локалните избори, станува очигледно дека сето ова има за цел да го ублажи и така лошиот углед на некои градоначалници, кои – за време на управувањето со општините – единственото нешто што зголемиле е долгот на општините. Затоа, пред да се направи ова подмирување на долгот, поважно е да се направи евалуација на работата на општините и да се изврши точна проценка, со цел да се утврди кои се општините кои потфрлиле, да се објави јавно зошто се појавил тој неуспех, зошто и кон кого се создадени овие долгови и само тогаш да се зборува за можноста за нивна отплата. Начинот на кој работи оваа влада само стимулира неспособност и лошо управување со јавните финансии од страна на градоначалниците.
Затоа, ја повикуваме владата уште еднаш да не ги злоупотребува јавните финансии и да биде претпазлива, бидејќи финансискиот хаос што го предизвикува нема ги потонува само нив, дури најмалку нив, туку така ќе потоне целата држава и сите граѓани. Дотолку повеќе што ова се случува во време на пандемија, што секако ја произведе финансиската криза.
Коалицијата АлтернАтивА & Алијанса за Албанците предлага тие пари да бидат распределени на граѓаните кои, поради лошите социјални услови, не можеа да ги подмират своите месечни сметки, но и на компаниите кои се пред банкрот поради ограничувањата предизвикани од пандемијата.

Коалиција АлтернАтивА & Алијанса за Албанците

Скопје, 15.06.2021 година

Close