Коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА: На Висар Бетон му донираме вреќа цемент

Коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА: На Висар Бетон му донираме вреќа цемент

Коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА: На Висар Бетон му донираме вреќа цемент

Почитувани новинари и граѓани,
Денес сме овде пред Општина Чаир, со цел во духот на новата еколошка агенда објавена од Демократската унија за зеленило, да му помогнеме на градоначалникот на Чаир, г. Висар Ганиу, во неговите заложби за уредување на зелените површини во нашиот Чаир. Како што веќе знаете, Чаир е најдобрата општина во Северна Македонија во поглед на зелените површини и затоа е номинирана за престижната меѓународна награда на ООН за „најзелена општина во светот“.
Како градоначалник кој веќе четири години успеа да го озелени секој агол од нашиот Чаир, да го елиминира вишокот бетон и да се бори против бетонирањето на Чаир, ние имаме обврска да му се заблагодариме и како благодарност да му подариме една вреќа цемент, со цел да изгради неколку бетонски пешачки патеки околу парковите и цвеќињата што ги има засадено во Чаир. Ние знаеме дека тој мрази бетон, па затоа нема изградено ниту една дланка бетон во текот на овие години во Чаир, но ние љубезно го замолуваме да ја прими оваа вреќа цемент, бидејќи тој самиот никогаш не би помислил да изгради милиметар бетон.
По освојувањето на наградата „Најзелена општина на светот“, сигурни сме дека Висар Ганиу ќе биде поканет да раководи со Градот Копенхаген, за да ги научи и Данците како се градат зелени општини. Неговото искуство во создавање зелени површини би било особено корисно за бетонираните региони, како што се скандинавските држави. Оваа е причината што денес го честиме со оваа вреќа цемент и го изразуваме нашети восхитување што нашата општина ја раководи толку квалитетен, толку еколошки и толку зелен кадар.
Всушност, работата на градоначалникот Висар Ганиу не може да се објасни поинаку, освен со албанската поговорка која од прилика гласи вака „градина не се гради со Договори, туку со лопати“. Аирлија работа, Зелен градоначалнику!

Скопје, 11.06.2021 година

https://youtu.be/YvAYfkELIZs - mk

Close