АлтернАтивА: Родовиот идентитет не е лично доживување, туку природен идентитет

АлтернАтивА: Родовиот идентитет не е лично доживување, туку природен идентитет

АлтернАтивА: Родовиот идентитет не е лично доживување, туку природен идентитет

Денес, кога се наоѓаме на Меѓународниот ден на родителите, што се совпаѓа и со времето кога во собраниска постапка е ставен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, АлтернАтивА, како конзервативна парламентарна партија, тука е да го искаже својот став во врска со овој предлог закон и да се изјасниме за заштита на родителите и родителството.
Според нас, заштитата на традиционалното семејство и на родителите треба да биде должност и посветеност на целото општество, како што е опишано и во многу меѓународни конвенции и други акти на Обединетите нации.
Во меѓувреме, што се однесува до второто прашање, поточно Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, мора да објасниме дека, поаѓајќи од либералната идеја дека родовиот идентитет е личен избор и лично доживување, а не природен човечки идентитет, суштината на оваа измена е да им се овозможи на лицата кои сакаат, да можат да го менуваат својот родов идентитет и во матичната евиденција, во изводи и лични документи, дури и да имаат можност на неопределеност на родот, со запишување како "Друг".
Предлагач на оваа законска измена е Владата на Република Македонија, која ја сочинуваат и Демократската унија за интеграција и некои албански ограноци на СДСМ, но кои го прифатија ова и дури ќе бидат поддржувачи на овој закон во Собранието. Меѓу оние што го потпишаа овој предлог е и заменик министерот за Правда, од редовите на ДУИ, Агим Нухиу.
Сепак, и покрај фактот дека овој закон дојде во Собрание со европско знаме, иако главните европски земји, како што се Велика Британија и Франција, немаат усвоено таква измена, ставот на АлтернАтивА е дека овој закон е во спротивност со програмските дефиниции на европските конзервативни партии, какви што сме и ние. За нас има само два пола и тие се природни – „Машки“ и „Женски“ и тие не се променливи категории, туку вродени. Според нас, секој што со други пластични форми го менува својот пол од која било причина, тоа е негово лично право, што не треба да се одрази и во домашното законодавство.
Затоа, нашите пратеници ќе бидат ПРОТИВ овие законски измени и ние ќе бидеме доследни на нашиот став, а се надеваме дека граѓаните ќе се сетат на оние пратеници кои ќе гласаат ЗА оваа законска измена.
Во ова прилика, ги повикуваме и другите партии во земјата, особено оние од десничарскиот спектар, но и верските заедници, како и невладините организации кои веруваат во овие вредности, да ни се придружат на овој став, бидејќи прифаќањето на промената на родовиот идентитет подразбира и промена во идентитетот на нашето семејство, па дури и на нашата држава. Ако Велика Британија и Франција сè уште не сакаат да го сторат тоа, зошто се брзаме ние да го сториме тоа?!

АлтернАтивА – Скопје

Скопје, 01.06.2021 година

Close