Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива: Во Аеродром – цвеќиња, во Чаир – ѕидови!

Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива: Во Аеродром – цвеќиња, во Чаир – ѕидови!

Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива: Во Аеродром – цвеќиња, во Чаир – ѕидови!

Почитувани претставници на медиумите,
Денес сме тука пред Ѕидот на Срамот “Висар Шилегов“ за да го искажеме нашето незадоволство и негодувањето на граѓаните на Чаир за ова понижување што ни се прави нам како граѓани на Скопје.
Додека Градоначалникот на Град Скопје по другите делови на градот, како што се Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров сади цвеќиња, во Чаир, почнувајќи од минатата година, тој “сади“ само ѕидови. Имајќи во предвид дека имаме “кукла“ Градоначалник на Чаир, кој што и така е “инсталиран“ од Шилегов и неговите шефови, граѓаните во оваа општина се наоѓаат под притисокот на бетонизацијата и милоста на тие што го делат Чаир со бетон. Како да не се доволни илегалните градби на згради, кои никнуваат секој ден низ, Чаир гушејќи ги граѓаните, а кои се повисоки и од корупцијата и митото на овие челници на Општина Чаир, Шилегов решил да го понижи Чаир и со овој ѕид, кој што ние го нарековме “Ѕидот на Срамот Висар Шилегов“.
За тие што не планираат да продолжат да живеат во Чаир, како што обично прават градоначалниците на оваа општина откако ќе им заврши мандатот, ова не им претставува проблем, но за нас, кои го сакаме Чаир како дел од градот, бидејќи Чаир е нашиот живот, овој ѕид е понижување и навреда. Ова е најлошото инфраструктурно решение што можеше да се направи за уредување на сообраќајот во најгусто населената европска општина. Ние не можеме да останеме рамнодушни кон овој срам! Затоа денес се собравме тука за да го искажеме нашиот револт и да го именуваме овој срам со името што му прилега.
Коалицијата Алијанса за Албанците & Алтернатива го повикува Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, да го отстрани овој бетон од Чаир и да понуди друго ново решение. Во спротивно, во моментот кога ние ќе победиме во септември и ќе го освоиме Општина Чаир, првата работа што ќе ја направиме ќе биде ослободување на Чаир од бетонот и на местото на ѕидот, кој што е симбол на насилство, понижување и затвор, ќе понудиме решение со зеленило и разубавување, како што и доликува на општина чие што име е асоцијација на зеленилото.

Да го спасиме Чаир од бетонизација!

Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива

Скопје, 06.05.2021

https://www.facebook.com/alternativamkal/videos/1267071337023397/

Close