АлтернАтиваА: Земјоделци не се само оние од Струмица или од Преспа, од каде доаѓа премиерот и министерот за земјоделство

АлтернАтиваА: Земјоделци не се само оние од Струмица или од Преспа, од каде доаѓа премиерот и министерот за земјоделство

АлтернАтиваА: Земјоделци не се само оние од Струмица или од Преспа, од каде доаѓа премиерот и министерот за земјоделство

Денес, откако некои земјоделци од областа на Сингелиќ и Арачиново го посетија претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ја користиме оваа можност да и се обратиме на јавноста за да ја информираме за нивните маки и за нашата позиција во однос на нивните барања.
Како што нé нформираа земјоделците, по поплавата во оваа област во 2018 година, кога беа оштетени многу земјоделски земјишта и беа целосно уништени многу земјоделски култури, владата вети дека сите овие оштетени земјоделци ќе бидат обештетени. Сепак, поминаа скоро три години и тоа не се случи. Дури и покрај ветувањата од СДСМ и своите ограноци во последната изборна кампања, сепак ништо не се смени. Во меѓувреме, обештетени се земјоделците од Струмица од поројните дождови и гратот во јули 2018 година и земјоделците од Преспа, кои беа оштетени од дождовите и гратот во мај 2019 година. Ова е причината што овие земјоделци, далеку од политичките и етничките идентитети, им се обраќаат на политичките партии за да бараат поддршка за нивното право.
Она што останува индикативно во овој случај е зошто земјоделците од Струмица, градот на премиерот, и Преспа, зоната од каде доаѓа министерот за земјоделство, можат да бидат обештетени, што не е само скандал, туку и повеќестрана дискриминација со знаци на корупција, но не и тие од Арачиново и Сингелиќ? Притоа, не треба да се заборави дека не подалеку од минатата недела министерот за земјоделство беше протагонист во аферата на трошење 23.000 евра за три месеци само за храна и кафе. Гледано од положбата на земјоделците, не може а да не се сомневаат дека овој министер се однесува со нивните пари како да се негова приватна сопственост и можеби овие трошоци се и адреса за прашањето зошто земјоделците од Сингелиќ и Арачиново не се обештетени.

При оваа прилика, претседателот на Алтернатива, кој е и пратеник од овој регион, им вети на земјоделците дека ќе се посвети за решавање на нивниот случај и дека тој и Алтернатива ќе бидат нивни адвокати во Собранието и каде и да се покренува оваа тема.

АлтернАтивА - Скопје

Скопје, 20.04.2021

Close