АлтернАтивА Огранок Тетово: Продолжува лошото управување во Општина Тетово

АлтернАтивА Огранок Тетово: Продолжува лошото управување во Општина Тетово

АлтернАтивА Огранок Тетово: Продолжува лошото управување во Општина Тетово

Општина Тетово, предводена од Теута Арифи, ја заклучи 2020 година со дополнителна загуба од 2 милиони евра. Оваа ситуација го прави уште поскандалозна образложението на градоначалничката г-ѓа. Арифи, според која овие средства се искористени за нови вработувања.
Пошироката јавност, особено граѓаните на Тетово, се чувствуваат навредени од ваквата несериозност што Теута Арифи ја прави во време на пандемија. Тие се убедени дека Градоначалничката на Тетово ги има потрошено овие средства на граѓаните за партиски вработувања, а не за решавање на суштинските проблеми, со кои жителите на Тетово се соочуваат секој ден.
Општина Тетово е преоптоварена со партиски вработувања, додека продолжува да биде на врвот на листата на општини со големи долгови и лошо управување со јавните средства. Затоа, ja прашуваме јавно градоначалничката: како е можно да се зголеми долгот кога Владата одобри милиони средства за отплата на општинските долгови? Каде завршија тие средства? Дали има објаснување за ова?
Алтернатива - Огранок Тетово апелира до Општина Тетово и до градоначалничката да ги користат средствата за граѓаните, со цел да ги решат основните локални проблеми и да им го олеснат животот со обезбедување на вода за пиење, асфалтирање на патиштата и поддршка на населението за полесно справување со пандемијата.

АлтернAтивA - Огранок Тетово

Тетово, 09.04.2021

Close