Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците: Албанската култура понижена од Министерството за култура

Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците: Албанската култура понижена од Министерството за култура

Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците: Албанската култура понижена од Министерството за култура

По објавувањето на резултатите од годишната национална програма на Министерството за култура, од последниот конкурс за финансирање на проекти од областа на културата, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива воопшто не е изненадена од објавените скандалозни резултати, кои уште еднаш го потврдуваат нашиот став дека оваа влада, како и во која било друга област, и во културата ја продолжува парадигмата на дискриминација кон Албанците.
Со оглед на тенденциозните активности на ова раководство во Министерството за култура од нивното доаѓање во овој ресор, се очекува оваа година во нашата земја да имаме бледа култура и незастапеност на мултикултурната реалност на нашата земја.
Затоа, денес сме пред вас да направиме општа анализа на годишната програма објавена од Министерството за култура, за да се воочи дека оваа година ќе имаме култура за сите, но не и за Албанците.
Почнуваме со дејноста Библиотека. Од вкупно 8 проекти на правните или физичките лица, само 2 се Албанци. Изразено во парични средства, библиотеките во албанските региони ќе добијат само 4.650 евра од вкупно 1.097 евра. Што се однесува до националните институции, од вкупно 111 проекти, само 7 се албански, во вредност од 11.382 евра, од вкупно 204.230 евра.
Во однос на дејноста Драма, каде што се вклучени националните институции, правните и физичките лица, јасно може да се забележи големата разлика помеѓу финансирањето на албанските и македонските проекти. Вреди да се спомене дека фестивалот „Акт фест“ и Стенд ап комедија, кои во изминатите две години беа вистинска свежина во Скопје за љубителите на драмата и комедијата, не беа поддржани. Ако зборуваме со бројки, ова значи дека од 1.408.413 евра, само 404.848 евра се издвоени за Албанците и 77.811 евра за другите етнички заедници во земјата.
Во дејноста Визуелни уметности, дизајн и архитектура, од вкупно 325 проекти, во само 66 проекти носители се Албанците. Или, изразено во парични средства, од 537.596 евра само 86.179 евра се издвоени за Албанците.
Во дејноста Заштита на културното наследство и аудиовизуелните добра, од вкупно 1.193.579 евра помалку од 65.000 евра се предвидени за проекти, истражувања и заштита на наследството во албанските региони.
Во Интердисциплинарната дејност од вкупно 258.423 евра, за Албанците се предвидени само 36.829 евра, а за сите други етнички заедници 3.952 евра.
Во Издавачката дејност и литературата од вкупно 1.167.713 евра, кои се предвидени со буџет, за албанските проекти се предвидени само 274.370 евра.
Во Меѓународната дејност од вкупно 191 одобрени проекти, само 28 се албански или, изразено во бројки, од вкупниот износ од 556.977 евра, за застапување на албанската култура во странство се предвидени само 111.054 евра.
Во Музејската дејност, од вкупно 702.630 евра, некаде помалку од 60.000 евра се предвидени за албанските проекти. А за скандалот да биде поголем, за Музејот на азбуката во Битола се предвидени 6.500 евра, додека за Спомен куќата на Мајка Тереза само 1.626 евра.
Во дејноста Музика од вкупно 2.091.472 евра, за Албанците се предвидени помалку од 330.000 евра. А, во овој износ на средства не се пронајдени средства за поддршка на најстариот детски фестивал „Bletëzat”.
Во дејноста Фолклор од вкупно 649.0000 евра, за албанските проекти се издвоени помалку од 200.000 евра. Во меѓувреме, да не го заборавиме фактот дека од веќе познати причини, јубилејот на 15-годишнината од Меѓународниот фолклорен фестивал „СКУПИ“, кој е еден од најпрестижните фестивали што се одржува во Скопје и каде гостуваат уметници од цел свет, не беше поддржан, ниту пак јубилејот на 20-годишнината од Фестивалот организиран од еден од најстарите ансамбли во Скопје и околината „Дрита е Дервенит“, како и концертот по повод 40-годишнината од кариерата на добро познатата пејачка од Северна Македонија, Северџане Лачи.
Генерално, годинава Албанците од Министерството за култура ќе добијат 1.580.680 евра од вкупно 8.770.000 евра. И, ако ова го преведеме во проценти, тогаш можеме да заклучиме дека оваа година Министерството за култура издвои само 18% за албанската култура, што не е ни половина од она што ние го издвоивме за албанската култура минатата година. Значи, албанската култура е толку вредна за министерката Ирена Стефоска, која толку се фали со граѓанскиот концепт. За жал, толку вреди албанската култура и за тие момчиња Албанци кои ја играат улогата на статисти на заменикминистер и државен секретар.
А за граѓаните да разберат колкава е разликата помеѓу времето кога министри за култура беа Асаф Адеми и Хусни Исмаили и она што е денес, ви велам дека ние за албанската култура одобривме 45% од вкупната сума, која со жалби се искачи на 50%. Ако ова го пресметаме во паричен износ во евра, во изминатите две години двапати дадовме по 7 милиони евра за албанската култура, додека оваа година тие за албанската култура издвоија само 1.580.000 евра. И, ако на некому уште не му е јасно зошто овој состав на Министерството за култура го напаѓаат поранешниот министер Хусни Исмаили, е токму овој успех што ги разочарува, но и нивната неуспешна надеж дека на овој начин ќе направат притисок врз нас за да му помогнеме на ова слабо мнозинство да опстои.
На крај, сакам да ви кажам дека нам ни е жал што тие сакаат да го покријат нашиот успех со клевети. Тие ја имаа можноста да се докажат, па денес но еве денес ги имате резултатите јавно објавени за да видите сите дека две албански партии таму не успеваат да произведат ни половина од она што ние го направивме две години по ред додека го водевме тоа министерство.

Коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците

Скопје, 25.02.2021 година

Close