Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: На Заев не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: На Заев не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: На Заев не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците

Деновиве, кога коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА очекува свикување на седницата за усвојување на предлог-законот за државјанство, на место да добиваме сугестии и предлози, премиерот Зоран Заев изјавува дека „со три сведоци се склучува брак, но не се добива државјанство“. Иако неговиот невкусен цинизам е неодржлив, бидејќи ваквото правно средство не е туѓо во нашата пракса, сепак неговата изјава повеќе зборува за неговата потсвест отколку за неговата свест. Тоа го отсликуваа најдобро неговиот страв дека со овој закон можеби се зголемува бројот на Албанците. Затоа, нему не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците.
Сепак, го повикуваме премиерот, заедно со своите коалициони партнери, да го прифати овој предлог-закон на коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА, бидејќи тој е во интерес на сите граѓани, а не само во интерес на Албанците. А доколку има забелешки околу текстот на предлог-законот, ние сме подготвени да дискутираме на таа тема и на закажаната пленарна седница, преку амандмани, да ја усогласиме финалната верзија на текстот.
Но, уште еднаш истакнуваме, цинизмот и иронијата не му помагаат на премиерот да го скрие и храни стравот дека на вој начин некои Албанци ќе се стекнат со државјанство. Дури, ако тој и неговата партија сакаат навистина да покажат дека се за граѓанска држава без никаква дискриминација врз ниту една основа, овој предлог-закон е тест токму за тоа.

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА

Скопје, 28.01.2021

Close