АлтернАтивА: „Концептот за основното образование“, предложен од МОН, е забрзана иницијатива

АлтернАтивА: „Концептот за основното образование“, предложен од МОН, е забрзана иницијатива

АлтернАтивА: „Концептот за основното образование“, предложен од МОН, е забрзана иницијатива

Во текот на месец декември минатата година, Министерството за образование и наука (МОН) го претстави новиот предлог за основното образование под наслов „Концептот за основното образование“. По добивањето на овој материјал и проучувањето на неговата содржина, ние како политичка партија сметаме дека имаме обврска јавно да го искажеме нашето мислење во врска со овој предлог.
АлтернАтивА има повеќе забелешки за содржината на предлогот, но ќе ги остави за друга прилика, бидејќи смета дека поважна од критиката за содржината е суштинската забелешка за пристапот на МОН кон основното образование. Основното прашање е кој му дава право на министерката, која не поминала ни четири месеци во Министерството за образование и наука, да си дозволи да предложи измена на концептот за основното образование според нејзините лични и идеолошки вкусови без да консултира ниту еден друг општествен фактор?
Сметајќи дека образованието е погон за изградба на општеството, не може да се толерира тесен општествен, политички или идеолошки круг да донесе толку важна одлука и истата да ја наметне како стратегија за образованието за целото општество. Во едно плуралистичко демократско општество, какво што сме и ние, за изготвување на ваков предлог мора да се земат предвид ставовите на сите политички и професионални фактори од сите идеолошки средини, но и ставовите на верските заедници, граѓанското општество и другите лица вклучени во образовниот систем.
Во време кога неуспехот на учебната година е на повидок и во време кога Синдикатот за образование, наука и култура има други многу поскромни и неисполнети барања од МОН, да се брза со ваков предлог, најблаго речено претставува непочитување на работниците во образованието, и второ, висок степен на ароганција кон пошироката јавност е дека ваквата важна општествена обврска има за цел да биде шверцувана на овој начин.
За АлтернАтивА, овој предлог е избрзан и непросмислен и како таков, мора да се запре, за да се изготви во други услови и со општествена инклузивност. И, ако ова парламентарно мнозинство сака да го наметне овој предлог на сила, треба да знаат дека ќе биде привремен, сè додека ќе бидат на власт, а со вакви експерименти ќе стане учесник во оштетувањето на образованието.

Скопје, 14.01.2021 година АлтернАтивА – Скопје

Close