Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива: Владата го спречува Законот за државјанство

Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива: Владата го спречува Законот за државјанство

Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива: Владата го спречува Законот за државјанство

Почитувани медиуми,
Почитувани граѓани,

Споделбата на власта е во основата на либералните демократии, но изгледа дека нашава држава не е ниту либерална, ниту демократска, и очигледно е многу далеку од споделбата и немешањето на властите едни со други. Овде во Северна Македонија, држава кандидат за ЕУ, постои само Извршна (Владата), нема ниту Законодавна, па ниту Судска власт.

На ова уште еднаш не потсетија вчера, преку еден документ од МВР кој беше објавен во медиумите, а се однесуваше на нивното мислење во врска со предлог измените во Законот за државјанство, предложен од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

СКАНДАЛ, скандал еквивалентен со дејствијата на тоталитарните системи од некогашно време! Изгледа владата СДСМ-ДУИ заедно со братство-единството на Југославија, камуфлирано под слоганот “Едно општество за сите“ повторно ни го враќа менталитетот на монизмот, со сите нејзини карактеристики.

Исто како некогаш во комунизмот, кога на легитимните барања на Албанците им одговараше УДБ-а, ОЗНА и целиот државен апарат, така и денес, на работата што треба да ја врши Парламентот, одговора МВР.

Затоа јавно го прашуваме министерот на полицијата:
- Кој ве праша вас за мислење, па одговоривте со итно писмо до владата, давајќи мислење за предлог измените во предметниот закон?

- Зошто е толку итен овој случај според вас и владата, што не ви пречеше да потпишете документ, кој во суштина е со шовинистичка содржина и е насочен против еден значителен дел на граѓаните на РСМ, исто како што е и самиот постоен закон?

- И доколку некој побарал од вас такво мислење, знаете ли дека немате право да давате мислење за закон, чиј предлагач не сте вие, туку пратеници или група пратеници во Собранието и како таков, законот не е ниту објект ниту субјект на владата или министерството со кое вие раководите, туку само на Собранието и на пратениците? Вие треба да ги извршувате одлуките на Собранието и да не се мешате во неговата работа.

Но, бидејќи сакате да давате придонес за овој проблем, јавно ве прашуваме:

- Колку е бројот на граѓани кои живеат со децении во РСМ а немаат државјанство?

- Колку е бројот на тие што се апартхејд, поради болната шовинистичка логика на луѓе кои даваат и потпишуваат вакви мислења спротивно Универзалната повелба на основните човекови права и слободи?
- Колку е точниот број на граѓани кои не се стекнале со државјанство на РСМ, врз основа на член 7, точка 8 од постојниот закон, прогласувајќи ги како опасни за безбедноста на државата, иако се тие дедовци и баби од над 70 годишна возраст?

За другите бесмислици кои ги спомнувате во вашето мислење, не заслужувате одговор, бидејќи не е ваша работа, овие одговори ќе ги даваме во парламентарната дебата која ќе се одржи во врска со ова проблематика.

Ако мислење побарало владата, тогаш јавно ја прашуваме ДУИ, каде се тие, што прават тие и дали се согласуваат со мислењето на министерот на полиција?

Ја информираме јавноста дека предлог-измената на Законот за државјанство, предложена од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, е во целосна согласност со Универзалната повелба за човекови права и слободи и Европската конвенција за државјанство.

Конкретниот, нашиот предлог-закон е во согласност со Конвенцијата за статусот на лица без државјанство од 1954 година и Конвенцијата за намалување на бројот на лица без државјанство од 1961 година, со кои се утврдени минималните стандарди за третман на лица без државјанство, како што се: право на образование, вработување, домување, административна помош и патни исправи.

Close