Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, оствари средба со Претседателот на турското собрание, Мустафа Шентоп

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од поранешниот министер за култура, моментално пратеник на Алтернатива, Хусни Исмаили, вчера во Скопје оствари средба со Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп.
На средбата со Претседателот на турското собрание, Мустафа Шентоп, се зборуваше за последните случувања во земјата и регионот, за политичко-дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Република Турција, како и за меѓуетничките односи меѓу турскиот народ и народите во Северна Македонија.
Тема на разговорот Гаши - Шентоп беше и евро-атлантскиот процес на земјата и важната и силната дипломатска улога на Република Турција во однос на Балканот, а особено на Северна Македонија.
Претседателот на турското собрание, Шентоп изрази пријателска благодарност до Претседателот Гаши, истакнувајќи ја конструктивната и ефективната улога на Алтернатива како партија на десниот центар во градење на братските и пријателските мостови помеѓу Албанците и Турците.
Инаку двете страни се согласија ваквите пријателски средби да продолжат и во иднина.

Close