АлтернАтивА - Куманово: Властите се менуваат, но антиалбанската мана не ја забораваат

АлтернАтивА - Куманово: Властите се менуваат, но антиалбанската мана не ја забораваат

АлтернАтивА – Куманово: Властите се менуваат, но антиалбанската мана не ја забораваат

Денес сме тука да споделиме уште една информација со јавноста, за да докажеме уште еднаш дека оваа власт продолжува да има други стандарди за Албанците.
Како и во владеењето на ВМРО-ДУИ, кога убиец како Јохан Тарчуловски се бранеше со државни пари, потпишани од албанскиот министер на ДУИ, деновиве се наградува уште еден криминалец. Ова е Бојан Илиќ, брат на Бобан Илиќ, убиецот на Алмир Алиу од Куманово. Како Тарчуловски кој некогаш беше наградуван, денес братот на Бобан Илиќ се вработува во Противпожарната единица Куманово. Што се однесува до информацијата, кога беше убиен Алмир, заедно со Бобан, беше и Бојан таму за да му помогне на својот брат убиец во неговиот макабрен чин. И, наместо да биде казнет, тој се наградува.
Затоа сме денес тука, во име на АлтернАтивА - огранок Куманово, да ја изразиме длабоката загриженост на кумановчани, но и на сите Албанци воопшто за појавата што, и покрај тоа што се повторува, нè понижува како нација и најдобро докажува дека властите се менуваат, но антиалбанската мана останува.
Некогаш Никола Груевски со албанските говорители на ДУИ, додека денес Заев, Максим Димитриевски и истите албански говорители, постапуваат исто кон Албанците. Со ова уште еднаш се докажува дека постои „општество за сите“ само за оние кои не се Албанци и, уште полошо, за оние кои оставаат антиалбански траги.
Тргнувајќи од тоа, ги повикуваме институциите на централната власт, но и локалните во Куманово, сериозно да ја сфатат оваа реакција и да постапат со прекин на ваквото однесување, бидејќи тоа се најтипичните примери за тоа како може да се запалат меѓуетничките односи.

Скопје, 09.10.2020 година АлтернАтивА – Куманово

Close