АлтернАтивА: Образовниот систем во Северна Македонија пропаѓа поради Министерството за образование и наука

АлтернАтивА: Образовниот систем во Северна Македонија пропаѓа поради Министерството за образование и наука

АлтернАтивА: Образовниот систем во Северна Македонија пропаѓа поради Министерството за образование и наука

Ако се водиме од народната поговорка дека Денот се познава по утрото, можеме да заклучиме дека образовниот систем во Република Северна Македонија и оваа година пропадна.
Министерството за образование и наука, во моментов раководено од СДСМ и претходно од ДУИ, продолжува да се однесува неодговорно кон учениците. Додека поранешниот министер им ја заврши минатата учебна година без да ги задоволи и стекне основните образовни знаења, сегашната министерка постапува на ист начин со почетокот на оваа учебна година - го одложи почетокот на учебната 2020/2021 година од септември за октомври, но и на тој начин не успеа да ги покрие неподготвеноста и недостатокот на неспособноста за правилно започнување на воспитно-образовниот процес.
Затоа, АлтернАтивА е денес тука за да ја праша министерката Царовска зошто не ја почитува волјата на учениците, родителите и наставниците за настава со физичко присуство на учениците? Дотолку повеќе што на таа, како и целата јавност, веќе и е јасно дека онлајн наставата целосно пропадна.
Ние како АлтернАтивА не сме против унапредување на наставниот процес со вклучување на технологијата во наставата, напротив сме посветени на инкорпорирање на ИКТ во образованието, туку сме против неодговорноста и исмевањето со судбината на учениците и нивното право на образование.
Очигледно дека министерката не знае, АлтернАтивА ја потсетува дека додека ние ја одржуваме оваа конференција:
- многу училишта немаат пристап до интернет, додека вие ги принудувате да одржуваат онлајн настава;
- многу училишта не се опремени со компјутерска опрема, како: компјутери, лаптопи, проектори, камери, микрофони и сл., за да можат да ја одржуваат онлајн наставата;
- многу ученици немаат учебници (дури и тие со многу грешки и пропусти);
- многу семејства немаат компјутери, интернет и доволен простор за онлајн настава;
- многу семејства имаат проблем да ги организираат децата со распоред пола онлајн настава, и пола во училиште со физичко присуство;
- апликацијата „Microsoft Teams“, која сега се користи за онлајн настава, се покажа како воопшто нефункционална, бидејќи им овозможува на учениците да им сметаат еден на друг, дури и наставниците, и со тоа да ја оштетат онлајн наставата;
- бидејќи наставата со физичко присуство беше дозволена без претходно тестирање на наставниците, вчера имаше инцидент на инфекција на наставник и изолација на 17 ученици.

Освен тоа, АлтернАтивА е и против лицемерието изразено од некои градоначалници, кои наводно им излегуваат на пресрет на учениците кои протестираат и бараат настава со физичко присуство, заборавајќи дека токму тие треба да обезбедат оптимални услови за да се реализира наставниот процес.
Тргнувајќи од тоа, АлтернАтивА го повикува Министерството за образование и наука, како и другите одговорни лица задолжени за образовните прашања, да ги следат моделите на другите околни земји и европски земји, бидејќи тие на посоодветен начин се утврдиле за одвивање на наставниот процес со физичко присуство, особено во руралните средини, каде што бројот на учениците во рамките на одделението е многу мал.

 

Close