АлтернАтивА: Го осудуваме албанофобскиот јазик на комиттите и бараме да бидат преземени казнени мерки

АлтернАтивА: Го осудуваме албанофобскиот јазик на комиттите и бараме да бидат преземени казнени мерки

АлтернАтивА: Го осудуваме албанофобскиот јазик на комиттите и бараме да бидат преземени казнени мерки

Вчера во центарот на Скопје се слушнаа фашистички, навредливи и понижувачки повици кон Албанците во нашата земја. Сторители на овие повици беа навивачката група „Комити“ на ФК „Вардар“.
„Mртов Шиптар – добар Шиптар“, (иако изговорот „Шиптар“ е израз за навреда) или оние со навреди на банален јазик врз основа на националниот морал, се доказ дека во нашата земја имаме реална опасност за физичко истребување на Албанците. Иако изгледа како претерување оваа констатација, но ако историјата нè потсетува дека со вакви повици започна антисемитизмот од 30-тите години во Европа, не треба да се изненадуваме ако тоа се случи и во нашата земја. И, додека за антисемитизмот сите сме единствени и немаме никакви разлики, жално е што овие повици (кои не се случуваат прв пат) се случуваат на плоштадот во главниот град, лицата не се анонимни и тие поминуваат без трн во здрава нога: ниту обвинителството, ниту полицијата, ниту судовите не се занимаваат со нив. Од друга страна, Албанците остануваат во затвор дури и за случајни сообраќајки.
Поаѓајќи од ова, го осудуваме овој јазик на македонските навивачи на ФК „Вардар“, очекуваме клубот да се дистанцира од нив, а го повикуваме и Јавното обвинителство да не молчи и да глуми „жител на Марс“, туку да ги собира видео-снимките од овие сцени и да поднесе тужби за ширење на говор на омраза, за повикување за истребување, за понижување и навреда на заедницата.
Стравуваме дека ако овие случаи останат неказнети, нивните сторители ќе бидат уште помотивирани и тие многу лесно можат да се претворат во дејствија од непожелни размери и со непредвидливи последици.
AлтернАтивА ќе го покрене ова прашање и во другите инстанции, но сака да верува дека државните институции ќе бидат поефикасни во оваа задача.
Скопје, 14.09.2020 година                                 
Фатон Фазлиу, АлтернАтивА - Скопје

Close