АлтернАтивА: Наставата да започне во јануари 2021 година

АлтернАтивА: Наставата да започне во јануари 2021 година

АлтернАтивА: Наставата да започне во јануари 2021 година

Деновиве кога се зборува за почеток на учебната година и веќе имаме одлука за одложување за 1 октомври, АлтернАтивА смета дека дури и овој датум не е соодветен и затоа предлага наставата да започне на почетокот на јануари 2021 година.
Со оглед на тоа дека, според сите предвидувања, на есен се очекува нов бран на пандемијата на вирусот КОВИД-19, секој почеток на наставата во тоа време би бил ризик за инфицирање на децата и ако тоа резултира со непожелни последици, тоа би било фатално за целата држава.
Во оваа прилика изјавуваме дека и ние сме против т.н. онлајн учење, бидејќи поранешниот министер за образование и наука и неговиот персонал, и покрај доволниот неколкумесечен простор, не развиеја никаква дигитална платформа, што би била успешна за организирање на таквиот вид настава. Покрај тоа, воопшто не е излишно да се каже дека дури и оној дел од наставата што беше реализирана онлајн во второто полугодие од минатата учебна година, беше скоро фијаско.
За да не ни се повтори неуспехот од т.н. онлајн настава и за да немаме поголеми болки од инфицирање на учениците и, не дај Боже, со фатални последици, АлтернАтивА предлага наставата да започне во јануари 2021 година (кога сметаме дека ќе заврши и вториот бран на пандемијата) и да заврши на крајот на јуни, што подразбира и физичко присуство на учениците и наставниците. Се разбира, ова значи скратување и прилагодување на наставната програма, како и целосен скрининг на учениците и наставниците за што ќе се грижи Министерство за здравство.
Секако дека здравјето е пред сè, но не смееме да бидеме несериозни дури и со едукацијата на младите во нашето општество.

Скопје, 10.09.2020 година АлтернАтивА – Скопје

Close