Алтернатива бара олеснување на граничните процедури

Алтернатива бара олеснување на граничните процедури

Алтернатива бара олеснување на граничните процедури

Алтернатива ја поздравува денешната одлука на Владата да ги отвори границите, но останува незадоволна од придружните процедури на оваа одлука.
За нас, сегашните активни мерки се неприфатливи и нелогични, што дури и по доказите на иселениците дека не се заразени со „Ковид 19“, нудејќи ПЦР-тест не постар од 72 часа, тие сепак треба да се самоизолираат 14 дена.
За нас, оваа мерка е тенденциозна, бидејќи таа има за цел да го спречи пристигнувањето на иселениците, секако од страв од изборниот резултат. Во оваа прилика повторуваме дека гласот на иселениците е познат на која страна е, но тоа не го менува многу резултатот од победата на коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.
Но, нашата држава мора да има почит кон иселениците и да не измислува опструктивни мерки, затоа што - покрај семејните врски што доаѓаат да се обноват - тие се и важен економски потенцијал за земјата.
Во овој случај, Алтернатива предлага активните мерки да бидат изменети со нови мерки, така што оние кои влегуваат во државата да ги поминат лекарските прегледи на граничниот премин и тоа да биде доволно, пракса која е на сите соседни земји.

Скопје, 16 јуни 2020 година

Центар за односи со јавноста - Алтернатива

Close