Африм Гаши се сретна со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Клименс Која

Африм Гаши се сретна со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Клименс Која

Африм Гаши се сретна со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Клименс Која

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши, придружуван од членот на Централното Претседателство, Нурџан Асановска, денеска оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Клименс Која, во седиштето на Алтернатива.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба во земјата, предвремени парламентарните избори на 12 април идната година и интеграционите процеси на Република Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Претседателот Гаши му се заблагодари на г. Која за конструктивната, пријателска и охрабрувачка улога на ОБСЕ во реформските процеси на земјата, во процесот на демократизација и за нејзината улога во напорите за членсвото во НАТО и ЕУ.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Клименс Која, од своја страна, му се заблагодари на претседателот Гаши за улогата на Алтернатива во евроатлантските и реформските процеси во земјата.

На крај двете страни се соогласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжат и во иднина.

Close