среда, мај 12, 2021
  • sq
  • en
  • mk
Home Blog Page 7

Алтернатива: Слободата на медиумите е фундаментално право и барометар на демократијата

Меѓународниот ден на слободата на медиумите, прогласен од Генералното собрание на ООН, е ден кога целиот свет го посветува своето вниманието кон слободата на медиумите, слободата на изразување и информирање, но и работата на новинарите и нивната професионална посветеност.

По тој повод „Алтернатива“, при одбележување на овој ден потсетува колку е важно за нашиот демократски свет да се почитува правото и слободата на медиумите и особено работата на новинарите. Живеејќи во земја која не може да се гордее многу по својот глобален индекс за слободата на медиумите, посакуваме на овој ден да рефлектираме на големата важност на слободата на медиумите и, воопшто, слободата на мислење и градење на вистинска демократска држава со евроинтеграциски стремежи. Затоа ги повикуваме сите релевантни фактори во земјата да бидат повнимателни на оваа демократска вредност, да се надминат себеси од своите тесни, групни и политички интереси и да помогнат во заздравување на демократијата во нашата земја.

Наоѓајќи се во состојба на пандемија, сакаме уште еднаш да потенцираме дека меѓу хероите на оваа пандемија сигурно се и новинарите, кои ставајќи ги нивите животи во опасност, продолжуваат да ја информираат јавноста, грижејќи се – дури – и за психолошкото здравје на луѓето.

Скопје, 03.05.2020                                      Алтернатива – Скопје

Алтернатива: Предлагаме нови мерки за ублажување на пандемиската криза

Алтернатива во континуитет ја следи состојбата предизвикана од пандемијата предизвикана од вирусот Covid-19 и со целиот свој капацитет и ресурси е ангажирана во изнаоѓање на начини со кои што може да се ублажи здравствената и особено економската криза. Во оваа прилика пред пошироката јавност ќе претставиме низа мерки, додека преку нашиот министер тие ќе бидат доставени и до Владата на Република Северна Македонија.

Мерките кои ги предлага Алтернатива имаат за цел создавање на олеснителни околности, стимулација на стопанството и ублажување на буџетскиот дефицит. Тие се:

1. Еднократна помош од 12.000 денари за секој полнолетен граѓанин од зрела возраст, кој не е вработен, не е корисник на пензија и кој не е опфатен со некоја од досегашните мерки на Владата. (според пописот на населението во 2002 година и наведените критериуми, оваа помош можат да ја искористат околу 861.242 државјани X 12.000 ден = 10.334.904.000 ден или 168.047.219 €; точниот број треба да се утврди).

2. Да се ослободат од данок на добивка (за донираната вредност на крајот на годината од биланс на успех – добивка за донирана вредност) деловните субјекти и поединците кои донираат во фондовите за справување  со пандемијата и со последиците на кризата предизвикана од пандемијата.

3. Банките и институциите кои вршат услуги од системот за плаќање да се откажат од плаќање на банкарски провизии во трансакции за донации и тоа додека траат мерките за справување со пандемијата и со последиците на кризата предизвикана од пандемијата.    

4. Стимулација на компаниите кои имаат обврски за плаќање на данок на добивка за деловната година 2019, со мерка за намалување на обврската за 25% ако уплатата се врши не подоцна од  30 мај 2020.

5. Креирање на посебен фонд “Економска преродба” кој ќе треба да се полни од заемите кои ќе ги земе Владата и од распределбата од буџетските средства од скратување на непотребните расходи од буџетските ставки. Овој фонд би се искористил за давање на долгорочни кредити и лимитирано дозволени средства за прометот на средства во мали и средни претпријатија, индивидуални бизнисмени, регистрирани земјоделци и земјоделски задруги. Каматата на овие заеми да не биде повисока од 4%, со цел нивно оспособување за отпочнување  на деловниот капацитет по кризата.

6. За деловните субјекти кои претходно имаат договор со УЈП, различни државни тела, јавни претпријатија, тела од локаната самоуправа и т.н., за подмирување на обврски на рати и кои не стигнуваат навремено да ги подмират, да не се постапи со клаузулата на  откажување на договорот поради неисполнување на обврската од едната странка, до 60 дена по престанокот на вонредните мерки. Во меѓувреме, доколку деловните субјекти се во можност преостанатите обврски, кои се предмет на овие договори, да ги подмират во целост до 30 мај 2020, да се намали вредноста на обврската до 25%. 

7. Сите предложени мерки , превземени и сугерирани од Владата за обврските за кредити, да важат и за обврските на бизнисмените и поединците и за инструментот на ЛИЗИНГ.

8. Рокот на важноста на банкарските гаранции, осигурувањата на хипотеките за кредити и осигурувањата на средствата земени преку лизинг, да се одложи за толку време колку ќе бидат во сила вонредните мерки или рокот на нивната важност да се додаде плус 3 месеци од времето на нивното истекување.

9. Да се одложат роковите на плаќање на сите обврски кон концесионерите (само малите и средните претпријатија) кои се корисници на концесии за минерални ресурси, кога коцеденти се државни тела, Влада и тела од локална самоуправа, кои стигнуваат на плаќање до  30 јуни 2020, тие обврски да се одложат со платен рок до 30 декември 2020. Во меѓувреме, тие концесионери кои имаат волја ги извршат тие обврски во предвидените рокови без одлагање, вредноста на нивните обврски да се намали за 25%.

10. Да се одложат роковите за плаќање на сите обврски на концесионерите (само малите и средните претпријатија) корисници на концесии за туристички ресурси  (термални води, лековити бањи, плажи) кога коцеденти се државни тела, Влада и тела од локална самоуправа, кои стигнуваат на плаќање до  30 јуни 2020, тие обврски да се намалат за 30% и да се одложат за плаќање до 30 декември 2020. Во меѓувреме, тие концесионери кои имаат волја ги извршат тие обврски во предвидените рокови без одлагање, вредноста на нивните обврски да се намали за 50%.

11. Делумно покривање (40%) на остварените трошоци (докажани со реализирани плаќања на фактури, договори, итн.) од мали и средни претпријатија како резултат на предвидено и организирано учество во меѓународни саеми или некои други меѓународни активности, кои организаторот ги откажал поради заштитните мерки од датумот на прогласување на пандемијата од страна на СЗО.

12. Делумно покривање (40%) на остварените трошоци (докажани со реализирани плаќања на фактури, договори, и т.н.) од мали и средни претпријатија како резултат на предвидено и организирано учество во меѓународни  саеми или некои други меѓународни активности, кои организаторот ги откажал поради заштитните мерки од датумот на прогласување на пандемијата од страна на СЗО.

13. Целосни плати за здравствениот и техничкиот персонал кои работат во приватниот здравствен сектор и кои резултирале позитивни со Covid 19, да се покријат од буџетот на РСМ.

14. Пренамена на финансиските средства од сите министерства наменети за целосно или делумно финансирање на сите активности и манифестации од нивниот опсег, кои биле предвидени да се организираат и реализираат од 15 март 2020 до 15 јуни 2020, а кои поради вонредните мерки не биле во можност да се реализираат.

15. Бидејќи ЕВН се оправдува дека технички не може да се реализира целодневна ниска тарифа за електрична енергија, тогаш предлагаме да се намали цената на електричната енергија за 20% за април и мај месец 2020.

16. Еднократна помош за сите постари лица над 65 години во вредност од 1500 денари, што би им помогнало во покривање на зголемените трошоци (дополнителни трошоци, такси и други услуги), снабдување со лекови и храна, сето ова поради специфичните потреби што ги имаат луѓето од таа возраст. (215.000 државјани X 1500 ден. = 322.500.000 ден. или 5.234.902 €).

17. Подмирување на обврската на плаќање за детски градинки за месец април и мај 2020. (35.500 деца  X 1200 ден. (просечно) = 42.600.000 ден. X 2 месеци = 85.200.000 ден. или 1.385.365 €).

18. Субвенции од Владата до 40% од вредноста за изнајмувањето на деловните простори за месец април и мај 2020 во случај кога издавачите се физички лица или приватни претпријатија и на нив да им се сугерира на изнајмувачите наплатата да им се минусира во рати до 31 декември 2020 (висината на киријата се поставува од последните пријавни листи поднесени во УЈП).

19. Покривање на пост-смртни трошоци  на семејствата на жртвите од COVID-19 во вредност од 30.000 ден. (до денес 65 случаи x 30.000 ден. = 1.950.000 ден. или 31.700 €).

20.  Стимулација за користење на домашни производи. Бараме од Владата да започне промотивна кампања за купување и користење на производи, кои се произведени од домашните компании. Стимулацијата на купувањето на домашните производи, освен промотивните пропаганди, да се реализира и преку проектот повраток на ДДВ, која се имплементира од Владата, но повратокот на ДДВ во овој случај да важи само за купени домашни производи. Ова би довело до зголемување на потрошувачката на домашните производи и би влијаело позитивно кај домашните производители за да ги зголемат нивните капацитети на производство.  

21. Владата да изврши притисок врз банките, кои за пролонгираните рати на кредити да се откажат 50% од нивната камата.

22. Претпријатијата кои не можат да развијат деловни активности или кои функционираат со многу потешкотии, да се ослободат делумно или целосно од нивните даночни обврски за месец мај, јуни и јули, односно од плаќањето на данок на добивка, данок на приходи и придонеси.

23. Да се одложи плаќањето на ДДВ до плаќањето на пуштените фактури.

24. Вклучување на државата, преку агро-берзата, во купување на целиот вишок на пазарот на раните земјоделски производи, вклучувајќи го и вишокот од произведеното млеко од фармерите, со цел на понатамошен нивен пласман помеѓу домашните потрошувачи (државни институции, мензи на претпријатијата, хотели адаптирани за карантин итн.), како и преку понудите во странство, и тоа како начин на плаќање во форма на компензација или пак донација.

Скопје, 28.04.2020                                                                АлтернАтивА – Скопје

АлтернАтивА: Предлагаме мерки во полза на граѓаните

Политичката партија АлтернАтивА ги следи со големо внимание политичките настани во земјата и мерките кои се преземаат за надминување на кризата, која е предизвикана од вирусот COVID 19. Во таа насока ние сме свесни и совесни и за проблемите и кризата што ја предизвика оваа пандемија, особено за нормалното функционирање на стопанството и, затоа, се согласуваме дека за успешно надминување на овој тежок период, сите треба да бидеме активни.

Имајќи ги во предвид месечните фактури кои ги плаќаат граѓаните (за ЕВН, телекомуникациски услуги, Водовод, Комунална хигиена и др.), како и за снабдување со храна и други потребни средства (во услови на изолација во домашни услови расте и нивното количество), мислиме дека предложената минимална плата за вработените од јавниот сектор не може да ги покрие најнеопходните месечни потреби. Поаѓајќи од ова, предлагаме платите на вработените во јавниот сектор да не бидат предмет на измени и да останат исти. Исто така, тоа треба да важи и за вработените во приватниот сектор, кои поради превентивните рестриктивни мерки нема можат да работат, па затоа нивната плата треба да бие покриена целосно од Владата. Буџетските скратувања треба да се направат од други буџетски единици, кои не нанесуваат штета на и така отежната состојба на граѓаните. Нашиот предлог е јавните функционери, директори, судии и обвинители во месец Април и Мај да бидат исплатени со минимална плата.

За олеснување на настаната криза и за мотивација на што побрзо нејзино надминување, ги предлагаме и следните мерки:

  • Владата да побара од ЕВН поставување на евтината тарифа на електричната енергија за 24 часа во месец Април и Мај, бидејќи граѓаните кои седат дома секако трошат повеќе и електрична енергија;
  • Да се одложи рокот за плаќање на фактурите од ЕВН, телекомуникациските услуги, Водовод, Комунална хигиена за месец Април и Мај и да се овозможи плаќање на рати за тие кои немаат можност за плаќање;
  • Да се укине исплатата за финансирање на политичките партии за оваа година и предвидените средства да се користат за покривање на економските мерки;
  • На лекарите и медицинскиот персонал вработени во клиниките во кои има најмногу инфицирани, да им се исплати дополнителна плата за месец Март, Април и Мај;
  • Производствените фирми, кои увезуваат суровини за производство на хигиенски и дезинфекциски средства, заштитни санитарни средства, како и за производство на основни прехранбени продукти, вредноста на пресметаната царина при увоз да ја плаќаат најдоцна до 30-ти Јуни 2020-та година;
  • 6 месеци да се замрзнат долговите кои ги имаат фирмите и граѓаните кон јавните институции;
  • За сите даватели под кирија на деловни простории Владата да предложи тие да ги одложат нивните барања за Април и Мај, со тоа што исплатата на овие два месеца да им се овозможи на кираџиите да се изврши на рати до 31.12.2020, а Владата да ги субвенционира со 40% од вкупната месечна кирија пријавена во УЈП за месец Април и Мај;
  • Владата да им обезбеди по 10.000 ден. на семејствата кои немаат никаков приход или кои имаат лица кои се дел од неформалната економија, како и да ги охрабри нив да ги пријават таквите случаи, при што Владата ќе им наложи на деловните субјекти да ги пријават истите како редовни работници;
  • Црвениот крст да состави листа и да ги контактира сите изнемоштени и стари лица, кои живеат сами, за нивно снабдување со храна и лекови;
  • Во семејствата во кои двата родитела се доктори, медицински персонал, полицајци, пожарникари или војници, државата да се грижи за нивните домашни потреби преку активистите на Црвениот крст;
  • Укинување на исплатата за градинки до 30-ти јуни;
  • За секоја жртва – смрт предизвикана од вирусот COVID 19 – Владата да им помогне на семејствата за покривање на трошоците за погреб во вредност од 60.000 ден. 

АлтернАтива, исто така, ги подржува и предлозите за укинување на извршителските постапки до крајот на месец Август, стимулирање на банките за давање на кредити со поволни услови, намалување на каматните стапки на заемите, како и одложување на исплатата на ратите од кредитите за приватни лица и за фирми.

Давајќи поддршка за спасување на стопанството и благосостојбата на граѓаните, ги повикуваме и другите партии и релевантни фактори во државата да бидеме внимателни и, ако има потреби од некакви скратувања, последни на листата да бидат обичните граѓани. А, ако нешто и помага на домашната економија, функционерите не АлтернАтивА се првите кои се подготвени за секаква одлука што е во полза на домашното стопанство.

Скопје, 23.03.2020                                  АлтернАтивА – Скопје

АлтернАтивА: Вонредната состојба бара внимателност и консултација, а не протагонизам

Додека живееме во најтешките денови од пандемијата предизвикана од вирусот Covid 19 и – од друга страна – следејќи ги предлозите за финансиски мерки од некои партии, а секако слушајќи го гласот на граѓаните, кои ќе бидат изложени на тие мерки, АлтернАтивА го крева гласот на разумот дека ниту една партија, било да е таа водечката партија во владата, не е пожелно да се однесува со протагонизам кон јавните финансии и да предлага мерки, кои утре ќе бидат владини мерки, а за кои не се консултирани другите партнери на владата. Овие се тешки денови за сите нас и бараат внимателност и консултација, а не протагонизам.
Ние сметаме дека ниту една финансиска мерка во нашата земја не смее да им наштети на граѓаните. Покрај големата депресија, која е предизвикана од пандемијата, последното нешто што треба да ни падне на ум е да преземеме мерки на скратувања на финансиите на граѓаните, со што може да се стави во прашање и нивната егзистенција.
Како и да е, АлтернАтивА е во процес на составување на еден предлог со сет мерки, кои ќе бидат предложени на идната седница на Владата и потоа ќе бидат и јавно соопштени.
Секако, ние нема да подржиме ниту еден предлог кој е во штета на граѓаните.

Скопје, 22.03.2020 АлтернАтивА – Скопје

АлтернАтивА: Здравјето на граѓаните – позначајно од изборите

Во време кога целиот свет презема мерки за спречување на инфекцијата на луѓето од вирусот COVID – 19, и АлтернАтивА – како политичка партија која повеќе од секој друг интерес го има интересот на граѓаните – смета дека предвидените избори за 12 Април 2020 треба да се одложат за еден друг термин, кој ќе биде одреден од сите политички партии во земјата.
Денес, кога сите сме загрижени за животите на нашите граѓани, нема никаква смисла да се одржи изборна кампања, дотолку повеќе што во овие денови за нас, повеќе од било кога, за нас е важна солидарноста и кохезијата.
Поаѓајќи од ова, АлтернАтивА и во лидерската средба ќе биде на ставот дека изборите треба да се одложат и да се одржат во нормални услови.

Скопје, 16.03.2020

АлтернАтивА – Скопје

Африм Гаши се сретна со Францускиот Амбасадор во Скопје, г. Кристиан Тимоние

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши, придружуван од членот на Централното Претседателтсво, Нафије Селмани, денес оствари средба со францускиот амбасадор во земјава, г. Кристијан Тимоние.
На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, предвремените парламентарни избори на 12 април и конструктивната улога на француската држава во евро-атлантскиот пат на Република Северна Македонија. Исто така во средбата се разговараше и за проширувањето на ЕУ во земјите на Западен Балкан.
Францускиот амбасадор, г. Тимоние, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Алтернатива во евроатлантските процеси на земјата.
На крај двете страни се соогласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжат и во иднина.

Африм Гаши се сретна со поранешниот советник на Aмериканскиот Претседател Клитон, г. Јенс Муелер

Претседателот на политичката партија “Алтернатива”, Африм Гаши, денес во седиштето на партијата се сретна со поранешниот советник на поранешен претседател на САД Бил Клинтон, г. Јенс Муелер.
Во средбата се разговараше за можностите и условите на странските инвестиции во земјата, каде што претседателот Гаши се заблагодари на поранешниот американски советник Јенс Муелер, за неговата улога и придонес во економскиот развој на земјата.

Африм Гаши се сретна со словенечкиот амбасадор во Скопје, г. Милан Јазбек

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши, придружуван од членовите на Централното Претседателство, Њомза Имери – Исмаили и Бејтула Демири, денес оствари средба со словенечкиот амбасадор во Скопје, г. Милан Јазбек.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во земјата, парламентарните избори на 12 април и евро-атлантскиот процес на нашата земја. Словенечкиот амбасадор, г. Милан Јазбек, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Алтернатива во евро-атлантските процеси на земјата, како и за ратификување на протоколот на земјата во НАТО.
На крај, двете страни се соогласија дека ваквите пријателски состаноци ќе продолжаат и во иднина.

Африм Гаши се сретна со челниците на Стопанската комора Македонија – Турцика (МАТТО)

Денес претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, со делегација се сретна со Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).
Претседателот Гаши истакна дека еден од најважните приоритети на неговата партија е економскиот развој, кој постојано ќе се обидува да создаде поволни услови за инвеститорите.
Двете страни се соогласија ваквите состаноци да продолжат и во иднина.

Африм Гаши се сретна со претставниците на Стопанска Комора на Северно-Западна Македонија

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од членот на Централното претседателство, Дритон Сулејмани, и шефот на кабинетот Меритон Цивули, денес остварија средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, предводени од нејзиниот претседател, г. Неби Хоџа.

Во средбата претставниците на СКСЗМ ја презентираа економската платформа за развој на Република Северна Македонија. На оваа средба се разговараше и за градење на платформа за економски развој на граѓаните, при што претседателот Гаши ја изрази подготвеноста на Алтернатива да ја креира платформата за економски развој на земјата.

Инаку претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, се очекува и во наредните денови да се сретне со претставници на стопанските комори во земјата и во регионот.

Populare