среда, мај 12, 2021
  • sq
  • en
  • mk
Home Blog Page 3

АлтернАтиваА: Со долгот од 700 милиони евра, Владата ја зголемува сметката на граѓаните

По најавата дека Владата на Северна Македонија се задолжила со нови 700 милиони евра, Алтернатива изразува загриженост дека овој долг на Владата дополнително ќе ја влоши социо-економската состојба на граѓаните. Во известувањето на Владата се вели дека 500 милиони евра ќе бидат искористени за отплата на претходниот долг, додека за да се добијат останатите 200 милиони, таа ги задолжи граѓаните со нов долг за 700 милиони евра. Овој долг ќе мора да се плати до март 2028 година, додека годишната рата ќе биде 1,6 проценти.
Ние сметаме дека, како што стана вообичаено за ова владино мнозинство пред избори, дел од позајмените средства ќе бидат искористени за отплата на долговите на општините, со кои управува овој состав. Од друга страна, за жал, сите сме сведоци на крајно лошото управување со јавните средства од страна на градоначалниците. Тоа значи дека тие ќе продолжат да ги злоупотребуваат јавните средства, додека сметката за тоа ќе ја плаќаат граѓаните.
Поаѓајќи од тоа, АлтернАтивА предлага овие средства да се користат за обезбедување на вакцината Covid 19 и за обезбедување дополнителна економска поддршка за граѓаните, а не тие да се користат за спасување на кариерите на консумираните политички личности.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, оствари средба со германската амбасадорка во Скопје, г-ѓа. Анке Холштајн

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од пратеничката Сафије Садики – Шаини, денес оствари средба со амбасадорката на Германија во Скопје, Н. Е. г-ѓа. Анке Холштајн.

На средбата се разговараше за политичките настани во земјата, селективниот судски систем и евро-интегративните процеси на земјата.

Претседателот Гаши ù се заблагодари на амбасадорката Холштајн за важната улога на германската држава во патот и градењето на европската визија на нашата држава.

Германската амбасадорка, г-ѓа. Холштајн искажа благодарност до претседателот Гаши за улогата на Алтернатива во градење на правна држава, градење на мостови за соработка со релевантните меѓународни фондации и европската агенда.

На крај, двете страни се согласија ваквите средби да продолжат и во иднина.

 

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива – форум на младите: Место двајца функционери Албанци во Министерството за култура, оставаме две кукли

По објавувањето, од страна на Министерството за култура, на резултатите од Националната програма за култура за 2021 година, со што министерката Ирена Стефоска со бројки и проценти докажа колку е за граѓанска држава и колку е националистка, а ова се гледа од доделениот процент за албанската култура, тоа што остана поминува без внимание е улогата на Државниот секретар на ова министерство и неговиот Заменик-министер, двајцата Албанци, кои се дистанцираа од програмата, па дури ù се спротивставија на таа, како да немаат никаква одговорност и како да не се функционери таму. Двајцата отворено признаа дека немале пристап до таа одлука од моментот кога беа избрани членовите на комисиите и до објавувањето на програмата. Затоа, ние денес сме тука да ги прашаме: „Зошто не реагиравте во моментот кога беа избрани членовите на комисијата? Зошто сега треба да ја играте улогата на портпарол на одлуките на министерката?“ Освен тоа, Заменик-министерот, во новинарските прашања, рече дека „програмата ќе биде повлечена“. Затоа денес го прашуваме: „Ако програмата не се повлече, дали тој ќе се повлече од позицијата Заменик-министер или ќе продолжи да служи како кукла?“.
Оваа е причината што ние – младинските форуми на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – заклучуваме дека двајцата ја прифатија улогата на кукли во ова министерство и тие се само двајца администратори кои доаѓаат и си одат, добиваат плати и поволности, се сликаат патетично, но не се ништо повеќе од кукли. Ова го велиме затоа што куклите никој не ги прашува за ништо, исто како што и самите тие признаа. Затоа, ние денес ù донесовме на министерот Стефкоска две прекрасни кукли, дури и без определен пол – како што таа посакува, да си игра со нив наместо да се пошегува со функционерите Албанци на ова министерство, Државниот секретар и Заменик-министерот, и да не нè навреди сите нас како Албанци.
А за да не останеме само во критики, ги советуваме Државниот секретар и Заменик-министерот дека, ако имаат само малку одговорност за уметниците Албанци и албанската култура, нека го туркаат – ако можат – новиот Закон за култура, мислиме на верзијата што е готова од времето кога Хусни Исмаили беше министер, бидејќи тој закон предвидува финансирање на проектите од национален интерес за културата засновани врз уставниот принцип на правична и соодветна застапеност. Ако не можете да го направите и тоа, тогаш министерката нема потреба за кукли, а уште помалку за албански кукли.
Се надевам дека граѓаните и уметниците веќе ја воочуваат разлика помеѓу вас и нас.

https://fb.watch/3YGuk1ZYgp/

Алтернатива: Веднаш да се престане со нерегуларностите и манипулацијата на пописот на дијаспората

Од нашите сознанија од дијаспората, голем број од тие што сакале да се регистрират денеска он лајн, се соочуват со проблеми при регистрацијата. Текничките проблеми, враќање неколку пати во почеток на постапката за регистрација, не прифаќање на матичниот број и ред други проблеми, освен што предизвикуваат голем револт кај албанската дијаспора, создаваат и сомневање за манипулација со пописот.
Имајќи ја во предвид ова ситуација, ние како Алтернатива апелираме до Државниот завод за статистики и до Владата на Северна Македонија веднаш да се одстранат сите текнички пречки за он лајн регирстација и до тогаш да се пролонгира пописот. Ако и после ова владата не превземе ништо, можеме да заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран.

Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците: Албанската култура понижена од Министерството за култура

По објавувањето на резултатите од годишната национална програма на Министерството за култура, од последниот конкурс за финансирање на проекти од областа на културата, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива воопшто не е изненадена од објавените скандалозни резултати, кои уште еднаш го потврдуваат нашиот став дека оваа влада, како и во која било друга област, и во културата ја продолжува парадигмата на дискриминација кон Албанците.
Со оглед на тенденциозните активности на ова раководство во Министерството за култура од нивното доаѓање во овој ресор, се очекува оваа година во нашата земја да имаме бледа култура и незастапеност на мултикултурната реалност на нашата земја.
Затоа, денес сме пред вас да направиме општа анализа на годишната програма објавена од Министерството за култура, за да се воочи дека оваа година ќе имаме култура за сите, но не и за Албанците.
Почнуваме со дејноста Библиотека. Од вкупно 8 проекти на правните или физичките лица, само 2 се Албанци. Изразено во парични средства, библиотеките во албанските региони ќе добијат само 4.650 евра од вкупно 1.097 евра. Што се однесува до националните институции, од вкупно 111 проекти, само 7 се албански, во вредност од 11.382 евра, од вкупно 204.230 евра.
Во однос на дејноста Драма, каде што се вклучени националните институции, правните и физичките лица, јасно може да се забележи големата разлика помеѓу финансирањето на албанските и македонските проекти. Вреди да се спомене дека фестивалот „Акт фест“ и Стенд ап комедија, кои во изминатите две години беа вистинска свежина во Скопје за љубителите на драмата и комедијата, не беа поддржани. Ако зборуваме со бројки, ова значи дека од 1.408.413 евра, само 404.848 евра се издвоени за Албанците и 77.811 евра за другите етнички заедници во земјата.
Во дејноста Визуелни уметности, дизајн и архитектура, од вкупно 325 проекти, во само 66 проекти носители се Албанците. Или, изразено во парични средства, од 537.596 евра само 86.179 евра се издвоени за Албанците.
Во дејноста Заштита на културното наследство и аудиовизуелните добра, од вкупно 1.193.579 евра помалку од 65.000 евра се предвидени за проекти, истражувања и заштита на наследството во албанските региони.
Во Интердисциплинарната дејност од вкупно 258.423 евра, за Албанците се предвидени само 36.829 евра, а за сите други етнички заедници 3.952 евра.
Во Издавачката дејност и литературата од вкупно 1.167.713 евра, кои се предвидени со буџет, за албанските проекти се предвидени само 274.370 евра.
Во Меѓународната дејност од вкупно 191 одобрени проекти, само 28 се албански или, изразено во бројки, од вкупниот износ од 556.977 евра, за застапување на албанската култура во странство се предвидени само 111.054 евра.
Во Музејската дејност, од вкупно 702.630 евра, некаде помалку од 60.000 евра се предвидени за албанските проекти. А за скандалот да биде поголем, за Музејот на азбуката во Битола се предвидени 6.500 евра, додека за Спомен куќата на Мајка Тереза само 1.626 евра.
Во дејноста Музика од вкупно 2.091.472 евра, за Албанците се предвидени помалку од 330.000 евра. А, во овој износ на средства не се пронајдени средства за поддршка на најстариот детски фестивал „Bletëzat”.
Во дејноста Фолклор од вкупно 649.0000 евра, за албанските проекти се издвоени помалку од 200.000 евра. Во меѓувреме, да не го заборавиме фактот дека од веќе познати причини, јубилејот на 15-годишнината од Меѓународниот фолклорен фестивал „СКУПИ“, кој е еден од најпрестижните фестивали што се одржува во Скопје и каде гостуваат уметници од цел свет, не беше поддржан, ниту пак јубилејот на 20-годишнината од Фестивалот организиран од еден од најстарите ансамбли во Скопје и околината „Дрита е Дервенит“, како и концертот по повод 40-годишнината од кариерата на добро познатата пејачка од Северна Македонија, Северџане Лачи.
Генерално, годинава Албанците од Министерството за култура ќе добијат 1.580.680 евра од вкупно 8.770.000 евра. И, ако ова го преведеме во проценти, тогаш можеме да заклучиме дека оваа година Министерството за култура издвои само 18% за албанската култура, што не е ни половина од она што ние го издвоивме за албанската култура минатата година. Значи, албанската култура е толку вредна за министерката Ирена Стефоска, која толку се фали со граѓанскиот концепт. За жал, толку вреди албанската култура и за тие момчиња Албанци кои ја играат улогата на статисти на заменикминистер и државен секретар.
А за граѓаните да разберат колкава е разликата помеѓу времето кога министри за култура беа Асаф Адеми и Хусни Исмаили и она што е денес, ви велам дека ние за албанската култура одобривме 45% од вкупната сума, која со жалби се искачи на 50%. Ако ова го пресметаме во паричен износ во евра, во изминатите две години двапати дадовме по 7 милиони евра за албанската култура, додека оваа година тие за албанската култура издвоија само 1.580.000 евра. И, ако на некому уште не му е јасно зошто овој состав на Министерството за култура го напаѓаат поранешниот министер Хусни Исмаили, е токму овој успех што ги разочарува, но и нивната неуспешна надеж дека на овој начин ќе направат притисок врз нас за да му помогнеме на ова слабо мнозинство да опстои.
На крај, сакам да ви кажам дека нам ни е жал што тие сакаат да го покријат нашиот успех со клевети. Тие ја имаа можноста да се докажат, па денес но еве денес ги имате резултатите јавно објавени за да видите сите дека две албански партии таму не успеваат да произведат ни половина од она што ние го направивме две години по ред додека го водевме тоа министерство.

Коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците

Скопје, 25.02.2021 година

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: Какви пораки прими и испрати Бујар Османи од Вучиќ?

Вчера (четврток – 18.02.2021) министерот за Надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, беше на посета во Белград. Можеби му било мерак или љубомора кон Артан, кој беше на пречекот на Вучиќ во Табановце, или има некој друг повод, тоа не знаеме, но ова „љубов“ со Србија станува индикативно. Не поминаа ни неколку дена од кога Вучиќ си поигруваше со нашата држава со една кутија вакцини, за министерот за Надворешни работи да дотрча повторно кај него.
На место нашиот министер за Надворешни работи да биде ориентиран кон Тирана и Приштина или пак кон Софија – за решавање на спорот, ова додворување кон Србија зборува дека или сакаат да го продолжат пријателството на Фатмир Бесими со српските генерали, кои извршиле злосторства во Косово, или се бара помош од Вучиќ за спасување на владата на премиерот Заев?! Или, можеби, неговата посета има некоја врска со процесот на повлекување на признавањата на Република Косово, кој е спонзориран од Вучиќ?! Друг повод не постои.
Како и да е, оваа додворување кон Вучик, во време кога тој се заканува на Косово и, дури, изразува антиевропски тенденции, бара објаснување од министерот за надворешни работи и од неговиот шеф, Заев.
Во спротивно, молчењето – освен што остава простор за сомнежи – не принудува да констатираме дека новата Југославија, за кој реагиравме пред некој ден, не е идеја без содржина. Тоа е и причина што ние – како албанска коалиција – сакаме да го потсетиме шефот на нашата дипломатија, како и неговите шефови, дека тие може да ги свртат антените кон Белград, но сцените што може даги видат на тие екрани можеби нема да им се допаднат воопшто.

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА

Скопје, 19.02.2021

АлтернАтивА: Министре Филипче, кој ја сноси одговорноста за тепачката во Клиничкиот Центар во Тетово?

Како што бевме информиравме од медиумите, во Клиничкиот Центар во Тетово се случило тепачка, каде протагонист бил економскиот директор, Артан Етеми, кој нападнал лице од техничкиот персонал.

За да не остане ова тепачка само како шпекулација, министерот за Здравство, Венко Филипче, е должен да објасни дали е вистина дека директорот тепал вработен и, дури, побарал дополнително засилување, како што изјавија медиумите, и ако ова е вистина, која е одговорноста што ќе ја сноси тој?!
Додека не се обелодени овој случај, АлтернАтивА смета дека станува опасно да се оди во Клиничкиот Центар во Тетово од хулиганизмот на Директорот.

Алтернатива – Скопје

Скопје, 19.02.2021

Алтернатива: Затворската казна за родителот на Алмир Алиу е повеќекратно убиство за ова семејство

Деновиве се разбравме дека таткото и братот на Алмир Алиу, убиен на 1 јуни 2016 година во Куманово, се осудени од Основниот суд Куманово со затворска казна од 9, односно 6 месеци, за предизвикување насилство. Од друга страна, како што веќе знаеме, на Бобан Илиќ – убиецот на малиот Алмир Алиу, наместо „убиство со умисла“, му се судеше за убиство „во сообраќајна незгода“, додека – парадоксално – родителот и чичкото на жртвата се осудени на затворска казна за предизвикување насилство.
Овие етноцентрични пресуди на етнизираните и исполитизираните македонски судови не можат да се објаснат ниту со приказната за волкот и јагнето, каде жртвата е виновна само затоа што е послаба. Иако сме рекле повеќе пати, во овој случај мора да повториме дека судството во нашата земја мора да претери радикално редефинирање, секако со меѓународен надзор и исчезнување на сите можности за нејзина злоупотреба за политички, етнички или други цели. Ова е и причината за нашето инсистирање на задолжително членство во ЕУ, бидејќи само на овој начин ја гледаме надежта дека ова судство може да се спаси од „длабоката рака“, што судските одлуки ги носи во канцелариите на антиалбанските тајни служби.
Тука не можеме а да не потенцираме дека не помалку виновни се и тие Албанци кои биле на власт толку години и во оваа насока не сториле скоро ништо, освен што вработиле некои партиски активисти и создавале кадри за да ги заштитат нив од извршените злосторства и злоупотреби, како што е и вработувањето на братот на убиецот Бобан Илиќ, исто така учесник во убиството на Алмир.
Тргнувајќи од тоа, Алтернатива бара браќата Алиу да бидат прогласени за невини и на нивното семејство да им биде исплатено обесштетување за сите страдања предизвикани во последните 5 години.

Алтернатива – Скопје

18.02.2021 година

Младински форуми на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива: Премиере, ќе ви дадеме две кутии со вакцини, само не си поигрувајте со граѓаните

 

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, денес сме тука – пред Владата на Република Северна Македонија – без помпезност и без врева да му доставиме на премиерот не една, туку две кутии со вакцини. Ако, случајно, не се доволни за неговиот владин кабинет, да има и за својот вицепремиер.

Можеби ќе го кажете дека ова иронија или пак цинизам, но тоа не е ништо во споредба со иронијата и цинизмот што оваа влада ни ги нуди секој ден. Додека сите балкански земји, освен Косово и Босна, продолжуваат со масовната вакцинација на населението, Заев со целиот свој кабинет, заедно и со среќниот Артан кој се радуваш за средбата со Вучиќ, одат во граница да примат една мала кутија со вакцини. Сето ова се случува во време кога Северна Македонија има највисока стапка на смртност во Европа од вирусот Ковид-19 и во време кога нашиот здравствен систем едноставно пропадна. Поцинично и поразочувачко од тоа не може да биде.

Затоа, ние – младите од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – денес сме тука за да демонстрираме на овој начин како изгледа грижата, поточно негрижата, што оваа влада го покажува кон здравјето на своите граѓани. За нас не е добар сигнал ни тоа што Србија си поигрува со нашата земја со една кутија со вакцини, сето тоа само поради вината на инфериорниот и неспособниот премиер. Ако една кутија со вакцини е донација, ние му даваме на оваа влада две кутии и да го завршиме овој мајтап. Освен тоа, ние ќе му дадеме на премиерот и една посебна вакцина, за да не ги потроши тие од кутиите. Дури се погриживме оваа вакцина да му помогне на премиерот да се освести дека не треба да си поигрува граѓаните, а сме побарале вакцината да овозможи и имунизација против измама и лага. На здравје вакцината, премиере!

 

 

 

Младинските форуми на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

 

 

 

Скопје, 18.02.2021 година

 

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива: Владата која ги остава граѓаните без вакцини мора да замине

Неуспесите на Владата за грижа кон јавното здравје во нашата држава не престануваат. По неуспехот да се справи со вториот бран на инфекцијата со вирусот SARS-CoV-2, а како резултат на тоа во нашата држава животот го загубија повеќе од 2.953 граѓани, таа повторно потфрлува, овој пат во обезбедување на вакцини за имунизација на населението, што е неминовна за ставање под контрола на инфекцијата, како и за намалување на смртноста.
Како што дознаваме од соопштението на Министерството за здравство, на крајот на овој месец може да дојде еден контингент со вакцини, што секако нема да го опфати ниту минималниот процент на населението, додека за општа имунизација многу е рано да ја очекуваме. Во меѓувреме, колку за информација, освен Косово и Босна, сите други земји во регионот одамна започнаа со вакцинација на населението.
Всушност, како резултат на недостатокот на капацитетите и неспособноста на Владата, продолжува да расте сметката, што граѓаните на оваа држава ја плаќаат со своите животи, но и другите сериозни економски, социјални и психолошки последици. Како што можеме да се убедиме секој ден, Владата со она што го прави или, поточно, со она што не успеа да го прави, докажува дека не може ниту да владее во државата, ниту да одржува и гради здрави односи со нашите меѓународни пријатели и партнери.
Оваа небрежност и неможност на Владата да им обезбеди вакцини на своите граѓани не е само случајност или неодговорност, туку е вина со сериозни последици, пред се за здравјето на населението во оваа држава, но и за нејзината социо-економска благосостојба.
Затоа, Владата која не се грижи и не го чува здравјето на населението, не само што мора да поднесе оставка, туку мора да одговара и за штетите што им ги нанела на граѓаните.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

Скопје, 10.02.2021 година

https://fb.watch/3zBOznkh7B/

Populare