среда, мај 12, 2021
  • sq
  • en
  • mk
Home Blog Page 2

Младинските Форуми на коалицијата Алтернатива & Алијанса за Албанците: Д-р Илир Демири и Д-р Фадил Цана се херои на пандемијата

Пред неколку дена Македонското лекарско друштвото на Северна Македонија додели неколку признанија за лекарите, кои според нив се најзаслужни за борбата против вирусот Ковид-19. Но, за жал, меѓу нив не беа имињата на двајцата албански лекари вработени во Клиниката за инфективни болести, Д-р Илир Демири и Др. Фадил Цана.
Без намера да го етнизираме и политизираме здравството, не можеме да не констатираме дека овој избор е тенденциозен и ентоцентричен. Во нашата земја нема ниту еден граѓанин кој го поминал вирусот Ковид-19 (заедно со сите членови на нивните семејства) што не слушнал за овие две чесни имиња. Без претерување и без да ја потценуваме работата на другите лекари и другиот медицински персонал, си даваме за право да констатираме дека доколку имало херои во целосна смисла на зборот, кои веќе една година се борат со вирусот и со смртта лице в лице, тие се токму Д-р Илир Демири и Д-р Фадил Цана.
Дури и кога ќе заврши оваа пандемија, дури и кога сето ова ќе биде заборавено, ние никогаш нема да ги заборавиме нивните имиња. Д-р Илир и Д-р Фадил постојано ќе бидат во нашите срца. Затоа, за нив лично воопшто не е важно дали ова Друштво им доделува благодарници, бидејќи тие работат за спасување животи, а не за добивање на признанија, но за ова организација и воопшто за нашата држава е срам овие двајца медицински личности да не се вреднуваат според заслугите. Токму ова е причината да констатираме дека во овој случај станува збор за македонска националистичка тенденција, неблагодарност и љубомора од оние кои доделуваат признанија со селективен етнички пристап.
Како и да е, ние – во име на Коалицијата Алтернатива & Алијанса за Албанците и особено во име на младинските форуми на оваа коалиција – сме тука со цел Д-р Илир Демири и Д-р Фадил Цана да ги прогласиме за ХЕРОИ НА ПАНДЕМИЈАТА. Тие се во нашите срца и ним ќе им бидеме должни цел живот. Во оваа прилика, во име на сите семејства кои ги знаат и слушнале за нив, од се срце им се заблагодаруваме и им посакуваме здравје и успех во нивната работа.

Младинските Форуми на коалицијата Алтернатива & Алијанса за Албанците

Скопје, 12.04.2021

https://www.facebook.com/watch/?v=282522093370699

АлтернАтивА Огранок Тетово: Продолжува лошото управување во Општина Тетово

Општина Тетово, предводена од Теута Арифи, ја заклучи 2020 година со дополнителна загуба од 2 милиони евра. Оваа ситуација го прави уште поскандалозна образложението на градоначалничката г-ѓа. Арифи, според која овие средства се искористени за нови вработувања.
Пошироката јавност, особено граѓаните на Тетово, се чувствуваат навредени од ваквата несериозност што Теута Арифи ја прави во време на пандемија. Тие се убедени дека Градоначалничката на Тетово ги има потрошено овие средства на граѓаните за партиски вработувања, а не за решавање на суштинските проблеми, со кои жителите на Тетово се соочуваат секој ден.
Општина Тетово е преоптоварена со партиски вработувања, додека продолжува да биде на врвот на листата на општини со големи долгови и лошо управување со јавните средства. Затоа, ja прашуваме јавно градоначалничката: како е можно да се зголеми долгот кога Владата одобри милиони средства за отплата на општинските долгови? Каде завршија тие средства? Дали има објаснување за ова?
Алтернатива – Огранок Тетово апелира до Општина Тетово и до градоначалничката да ги користат средствата за граѓаните, со цел да ги решат основните локални проблеми и да им го олеснат животот со обезбедување на вода за пиење, асфалтирање на патиштата и поддршка на населението за полесно справување со пандемијата.

АлтернAтивA – Огранок Тетово

Тетово, 09.04.2021

Алтернатива: Итнa вакцинација на попишувачите

Откако и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, јавно призна дека четворица инструктори се заразени со Ковид 19, ова значи дека ќе има попишувачи заразени кои за неколку дена ќе излезат на терен да започнат со ова постапка низ целата земја.
Имајќи ја предвид неспоспбноста на Владата на РСМ да управува со Ковид 19, сметаме дека итна вакцинација на попишувалите и сите оние кои учествуваат во овој процес на попис е неминовна потреба.
Алтернатива бараше да се почитуваат препораките на ООН, според кои во време на пандемија не смее да се спроведува попис, на oваa Влада не сакаше да ја слуша ниту ООН, ниту опозицијата, туку на своја глава влезе во процес, кој од почетокот се докажува дека носи висок ризик за заразување на граѓаните, без разлика дали се попишувачи или попишани.
Како и да е, попис како процес веќе е започнат и враќање назад нема. Додека не е предоцна, ја повикуваме Владата на РСМ да го прифати нашиот предлог и да не игра со судбината и здравјето на граѓаните.

AлтернАтивА – Скопје

Скопје, 28.03.2021

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива: Министерката Стефоска – идентитетот на културната измама во РСМ

 

 
 
Речиси цел месец откако министерката за култура, Ирена Стефоска, го загуби патот во својот двор. Ова, меѓу другото, се гледа и во реакциите на многуте здруженија и поединци кои се занимаваат со култура. По сите тие скандали, презентирани од министерката за култура, пошироката јавност сè уште чека одговор на некои прашања.
Да кажеме дека е вистина дека г-ѓа. Стефоска има наследено долг од 3 милиони евра (иако се чини дека има проблем со бројките, затоа што при секое појавување пред јавноста соопштува други броеви), но ова не ја амнестира од следниве прашања:
1. Зошто за време на ребалансот дозволивте буџетот од 976 милиони денари во ставката 464 да се намали на 736 милиони, а разликата е поголема од вашите 3 милиони евра кои ги споменувате како наследен долг?
2. Како би го објасниле феноменот за сличните инвестиции, бидејќи во различни градови се даваат различни буџети?
3. Зарем не би било покоректно да ги соопштите поени а да можеме потранспарентно да видиме зошто еден проект е оценет со толку многу средства? Запомнете дека го поставивте ова прашање за време кога бевте пратеник. Дури, како резултат на тоа следната година го спроведовме, а вие не! Или тоа го направивте само за медиумско шоу?
4. На вашата прес-конференција се пожаливте дека истите лица се појавиле во повеќе проекти. Дали сакате да ви помогнеме да ги идентификуваме најмалку 20 проекти што сте ги финансирале каде што истите лица се појавиле во повеќе од еден проект? Или тие не ги сметате, затоа што тие се ваши пријатели?!
5. Зарем не е интересно што поддржавте голем дел од проектите што вие им должите од програмата од 2020 година?
6. Како може истиот проект на Драмскиот театар во Скопје да се финансира со 1,9 милиони денари, а Театарот за деца и млади да добива 800 илјади денари? Разликите во насловите се само прашање на превод, додека авторот, режисерот и тимот се исти? Или можеби критериум беше името на директорите и локацијата на објектите?
7. Како можете да кажете во јавноста дека приоритет ви е да им помагате на здруженијата на активистите со посебни потреби, а веќе има две недели што лицата со посебни потреби протестираат пред вашето министерство за да го добијат заслуженото и да ги затворат сметките од 2020 година? Зарем ова не е лицемерие?
8. И, конечно, ја прифаќаме вашата констатација дека Министерството должи 3 милиони, додека буџетот на годишната програма е 16 милиони и потоа велите дека годишната програма тежи 11 милиони, додека објавувате резултати за 8,5 милиони. Можеби има дел од годишната програма што не сте ја објавиле и вие сте дале средства / сте носеле одлуки на нетранспарентен начин?! Ние изразуваме сомнежи, а органите нека ги утврдат.
 
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”
– Гоце Делчев
 
Извинете, министерке, но вие ја гледате културата како натпревар меѓу „наши“ и „ваши“!
 
 
 
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива
 
Скопје, 27.03.2021 година
 

Коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците: Уште колку деца треба да се инфицираат за Министерството за образование да преземе мерки

Најавата дека дваесет деца се заразени со Ковид-19 и сите се хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, јасно покажува дека Владата и по една година продолжува да биде неодговорна и да нема конкретен план за справување со пандемијата за заштита на здравјето на децата и граѓаните од инфицирање.
Ова е уште една причина да се заклучи дека оваа учебна година, како што започна без никакви подготовки, и ќе заврши со длабок неуспех и со многу сериозни последици по здравјето на учениците. Затоа, без оглед колку е неспособна оваа влада, ја повикуваме заедно со Министерството за образование час поскоро да донесе одлука за разгледување на протоколите за време на наставниот процес и да се преиспита затворањето на училиштата за да се спречи изложеноста на децата на вирусот Ковид-19.
Коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците ги повикува наставниците да не ги повикаат учениците во училиште за да го тестираат нивното знаење, бидејќи на овој начин ги изложуваат на ризик да се заразат со вирусот Ковид-19, туку овие тестови да се вршат по електронски пат, како што се одвива и наставата.

Коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците – Скопје

Скопје, 25.03.2021 год.

Коалицијата АлтернАтивА и Алијанса за Албанците: Корупција и нетранспарентност во јавните набавки со пандемиски размери

Извештајот од набљудувањето на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации уште еднаш алармира за недостаток на транспарентност и висока корупција, што ја зацврстува Северна Македонија на дното на листата во однос на степенот на корупција.
Потпишувањето на договори во вредност од 11 милиони евра за нетранспарентни јавни набавки може да се случи само во земји каде Генералниот секретар на Владата измислува непотребни софтверски решенија и јавни набавки и каде заменик-премиерот за Борба против корупцијата ја игра улогата на инспектор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
За жал, Северна Македонија полека станува земја, која да не беше трагична, би била комична – во време кога имаме министерство за спречување на корупцијата, имаме огромно зголемување на оваа појава.
Поаѓајќи од тоа, АлтернАтивА и Алијанса за Албанците апелираат до Државната комисија за спречување на корупција итно да ги суспендира и детално да ги испита овие јавни набавки, каде што се злоупотребиле парите на граѓаните во овој тежок период на пандемија.

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: Која е мотивацијата на признанието на „тигрите“ за Артан Груби?

Вчера, кога полициската единица „Тигри“ ја одбележи својата 40-годишнина од основањето, беше изненадување што во тој настан се доделија плакети и за двајца Албанци: заменик-премиерот Артан Груби, и за заменик-министерот за Внатрешни работи, Назим Буши.
Знаејќи ја дејноста на оваа единица од демонстрациите во 1981 и 1989 во Косово, преку настаните во Бит Пазар, Ладориште, Тетовски универзитет, се до убиството на цивилите во с. Љуботен, јасно е дека оваа моноетничката единица имала повод за славење и за доделување на признанија на тие што биле успешни во убивање и насилство кон Албанците, но бидејќи секое признание има мотивација, Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА прашува јавно која била мотивацијата на ваквото признание за двајцата Албанците од власта? Која е заслугата на Артан Груби и Назим Буши за ваквите 40-годишни антиалбански акции на „тигрите“? Интересно е и тоа што ваквото признание доаѓа само еден ден откога нивниот лидер се гордееше со демонстрациите од ’81-ва.
Како и да е, Коалицијата АА & ААА истакнува дека единицата „Тигри“, која и ден денес останува моноетничка – значи само македонска, за Албанците ќе остане единица која ќе се памти со антиалбанските акции, додека тие што добиваат признанија од таа, нека им биде на нивна чест.

Коалиција Алијанса за Албанците & АлтернАтивА – Скопје

Скопје, 14.03.2021

АлтернAтивA: Да се продолжи рокот за доставување на завршните сметки до 31 март

Деновиве на адреса на АлтернАтивА пристигнаа бројни барања од компании и здруженија на сметководители, кои се погодени од вирусот Ковид 19 и затоа голем дел од нив се целосно или делумно затворени и не успеваат да ги достават завршните сметки до 15 март.
Ова е причината зошто АлтернАтива ја повикува Управата за јавни приходи и Централниот регистар, со оглед на условите создадени од пандемијата, да го следат примерот од минатата година, односно рокот за доставување на завршните сметки да се одложи до 31 март. Покрај тоа, ако овие институции – од која било причина – не се во можност да го одложат крајниот рок, тогаш ние бараме укинување на огромните казни за компаниите, кои поради вирусот нема да можат да ги доставуваат извештаите на време.
Притоа, уште еднаш потенцираме дека локалните компании се соочуваат со големи тешкотии од последиците од пандемијата и многу голем број мали и средни компании нема да можат да ги издржат евентуалните казни. Затоа ги повикуваме релевантните институции итно да им помогнат на сметководителите и компаниите.

Скопје, 11.03.2021 АлтернАтивА – Скопје

Коалицијата АлтернАтивА и Алијанса за албанците: Изолацијата не го покрива недостатокот на имунизација

Како што дознаваме од медиумите, Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести, на денешната седница донесе одлука од утре, од 22.00 часот до 05.00 часот наутро, на целата територија на РСМ да воведе полициски час, како причина да се ограничи можноста за ширење на вирусот.

Тргнувајќи од ова, коалицијата АлтернАнативА и Алијанса за Албанците смета дека оваа одлука е надвор од секоја логика, имајќи предвид дека досега угостителските објекти и рестораните се затвараа во 21.00 часот. Ако мерката изолација не е превземена во месеците октомври-декември 2020, кога се постигна врвот на новозаразени и смртни случаи, кому му служи сега ова изолација, и дотолку повеќе, и после 22.00 часот? Само ако е некој план за слободно транспортирање на забранети материи, како што се наркотиците кои се “крадат” често од магацините на МВР, бидејќи – во спротивно – и така државата после 21.00 часот е речиси во целосна изолација.
По се изгледа, оваа влада уште еднаш докажува дека нема соодветна стратегија за борба против вирусот Ковид 19, затоа несериозноста за обезбедување на вакцини против Ковид 19 сака да го покрие со ново исмејување со граѓаните. Така, наместо имунизација на населението, владата одлучува за нејзина изолација.

Како и да е, несакајќи да веруваме дека ова одлука е вовед на планираните ограничувања за месец Рамазан, коалицијата АлтернАтивА и Алијанса за Албанците предлага Владата да не ги попречува муслиманските верници од семејните ифтари и другите верски обреди, кои и до сега се одвиваа со почитување на предвидените мерки и протоколи.

Скопје, 09.03.2021
Колиција АлтернАтивА и Алијанса за Албанците

Коалицијата Алтернатива – Алијанса на албанците: Владата – неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните

Деновиве, кога сите земји во регионот продолжуваат да ги имунизираат граѓаните со вакцини против Ковид-19 и кои се гордеат со конкретни бројки за вакцинирање по глава на жител, Владата на Република Северна Македонија не успева, по сите обиди, да обезбеди вакцини. Сите сме сведоци дека на овој мозаик на неуспеси му беше додаден и неспособноста да се обезбеди кинеската вакцина. Звучи изненадувачки, но земји како Црна Гора и Унгарија, успеаја да ги набават планираните вакцини од контингентот на овие вакцини, додека граѓаните на Северна Македонија уште еднаш слушнаа само празни зборови и ветувања.
Ова бесконечно пролонгирање на имунизацијата на населението, покрај тоа што директно ги загрозува животите на граѓаните, сега кога се појавува и третиот бран на пандемијата, исто така крајно ги намалува надежите за постепено отворање на нашата држава и домашната економија. Дури и кога сите земји од регионот и ЕУ ќе го завршат овој процес, за нашата земја ќе следи изолацијата со невидени последици.
Колку и да е неспособна една влада, таа барем ќе успееше да им обезбеди вакцини на своите граѓани со тоа што ќе станеше дел од контингентот на вакцините на големите пријателски држави. Но, оваа влада не успеа ни тоа да го стори. Затоа денес сме тука да кажеме дека театарот со гласање на доверба на Владата во Собрание не ги покрива загубите на десетици животи на граѓаните. Или нека обезбедуваат вакцини или нека си одат.

Коалицијата Алтернатива – Алијанса на албанците – Скопје

Скопје, 06.03.2021

Populare