вторник, јануари 19, 2021
  • sq
  • en
  • mk
Home Blog

АлтернАтивА: „Концептот за основното образование“, предложен од МОН, е забрзана иницијатива

Во текот на месец декември минатата година, Министерството за образование и наука (МОН) го претстави новиот предлог за основното образование под наслов „Концептот за основното образование“. По добивањето на овој материјал и проучувањето на неговата содржина, ние како политичка партија сметаме дека имаме обврска јавно да го искажеме нашето мислење во врска со овој предлог.
АлтернАтивА има повеќе забелешки за содржината на предлогот, но ќе ги остави за друга прилика, бидејќи смета дека поважна од критиката за содржината е суштинската забелешка за пристапот на МОН кон основното образование. Основното прашање е кој му дава право на министерката, која не поминала ни четири месеци во Министерството за образование и наука, да си дозволи да предложи измена на концептот за основното образование според нејзините лични и идеолошки вкусови без да консултира ниту еден друг општествен фактор?
Сметајќи дека образованието е погон за изградба на општеството, не може да се толерира тесен општествен, политички или идеолошки круг да донесе толку важна одлука и истата да ја наметне како стратегија за образованието за целото општество. Во едно плуралистичко демократско општество, какво што сме и ние, за изготвување на ваков предлог мора да се земат предвид ставовите на сите политички и професионални фактори од сите идеолошки средини, но и ставовите на верските заедници, граѓанското општество и другите лица вклучени во образовниот систем.
Во време кога неуспехот на учебната година е на повидок и во време кога Синдикатот за образование, наука и култура има други многу поскромни и неисполнети барања од МОН, да се брза со ваков предлог, најблаго речено претставува непочитување на работниците во образованието, и второ, висок степен на ароганција кон пошироката јавност е дека ваквата важна општествена обврска има за цел да биде шверцувана на овој начин.
За АлтернАтивА, овој предлог е избрзан и непросмислен и како таков, мора да се запре, за да се изготви во други услови и со општествена инклузивност. И, ако ова парламентарно мнозинство сака да го наметне овој предлог на сила, треба да знаат дека ќе биде привремен, сè додека ќе бидат на власт, а со вакви експерименти ќе стане учесник во оштетувањето на образованието.

Скопје, 14.01.2021 година АлтернАтивА – Скопје

Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива: Владата го спречува Законот за државјанство

Почитувани медиуми,
Почитувани граѓани,

Споделбата на власта е во основата на либералните демократии, но изгледа дека нашава држава не е ниту либерална, ниту демократска, и очигледно е многу далеку од споделбата и немешањето на властите едни со други. Овде во Северна Македонија, држава кандидат за ЕУ, постои само Извршна (Владата), нема ниту Законодавна, па ниту Судска власт.

На ова уште еднаш не потсетија вчера, преку еден документ од МВР кој беше објавен во медиумите, а се однесуваше на нивното мислење во врска со предлог измените во Законот за државјанство, предложен од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

СКАНДАЛ, скандал еквивалентен со дејствијата на тоталитарните системи од некогашно време! Изгледа владата СДСМ-ДУИ заедно со братство-единството на Југославија, камуфлирано под слоганот “Едно општество за сите“ повторно ни го враќа менталитетот на монизмот, со сите нејзини карактеристики.

Исто како некогаш во комунизмот, кога на легитимните барања на Албанците им одговараше УДБ-а, ОЗНА и целиот државен апарат, така и денес, на работата што треба да ја врши Парламентот, одговора МВР.

Затоа јавно го прашуваме министерот на полицијата:
– Кој ве праша вас за мислење, па одговоривте со итно писмо до владата, давајќи мислење за предлог измените во предметниот закон?

– Зошто е толку итен овој случај според вас и владата, што не ви пречеше да потпишете документ, кој во суштина е со шовинистичка содржина и е насочен против еден значителен дел на граѓаните на РСМ, исто како што е и самиот постоен закон?

– И доколку некој побарал од вас такво мислење, знаете ли дека немате право да давате мислење за закон, чиј предлагач не сте вие, туку пратеници или група пратеници во Собранието и како таков, законот не е ниту објект ниту субјект на владата или министерството со кое вие раководите, туку само на Собранието и на пратениците? Вие треба да ги извршувате одлуките на Собранието и да не се мешате во неговата работа.

Но, бидејќи сакате да давате придонес за овој проблем, јавно ве прашуваме:

– Колку е бројот на граѓани кои живеат со децении во РСМ а немаат државјанство?

– Колку е бројот на тие што се апартхејд, поради болната шовинистичка логика на луѓе кои даваат и потпишуваат вакви мислења спротивно Универзалната повелба на основните човекови права и слободи?
– Колку е точниот број на граѓани кои не се стекнале со државјанство на РСМ, врз основа на член 7, точка 8 од постојниот закон, прогласувајќи ги како опасни за безбедноста на државата, иако се тие дедовци и баби од над 70 годишна возраст?

За другите бесмислици кои ги спомнувате во вашето мислење, не заслужувате одговор, бидејќи не е ваша работа, овие одговори ќе ги даваме во парламентарната дебата која ќе се одржи во врска со ова проблематика.

Ако мислење побарало владата, тогаш јавно ја прашуваме ДУИ, каде се тие, што прават тие и дали се согласуваат со мислењето на министерот на полиција?

Ја информираме јавноста дека предлог-измената на Законот за државјанство, предложена од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, е во целосна согласност со Универзалната повелба за човекови права и слободи и Европската конвенција за државјанство.

Конкретниот, нашиот предлог-закон е во согласност со Конвенцијата за статусот на лица без државјанство од 1954 година и Конвенцијата за намалување на бројот на лица без државјанство од 1961 година, со кои се утврдени минималните стандарди за третман на лица без државјанство, како што се: право на образование, вработување, домување, административна помош и патни исправи.

АлтернАтивА: Заев купи вакцини само за неговата партија и нејзините филијали

По официјалните информации дека Владата на Република Северна Македонија, односно Министерството за здравство, обезбедило вакцини за околу 3000 граѓани, кои ќе пристигнат во март, а за другиот дел не е познато кога, слободно можеме да констатираме дека оваа влада само за интересите на народот не работи. Оваа количина на вакцини е веројатно планирана за неговата партија и нејзините филијали.
Вакцинирање на 1-2% од населението не само што е крајно неодговорно, туку и најдобро го отсликува реалниот интерес на оваа влада. Ова ја објаснува најдобро и заложбата на оваа влада за легализација на дрогата. Една влада која се грижи за дрога, не може да се грижи и за здравјето на граѓаните.
Само за информација и споредба, Србија од понеделник започнал со втората фаза на вакцинација со околу 20 илјади дози, Бугарија, исто така, ја очекува втората пратка со 25 илјади вакцини, додека Република Албанија објави дека веќе обезбедила половина милион вакцини, од кои првата пратка ќе пристигне во јануари.
Само овие бројки, без го спомнеме европскиот и американскиот стандард за вакцинација, се доволен доказ дека Северна Македонија, токму поради невниманието на оваа влада или нејзината грижа за темите спротивни на граѓанскиот интерес, ќе продолжи да ги брои жртвите на пандемијата и ќе продолжи да се оправда дека „толку може да направи“.
Поаѓајќи од ова, АлтернАтивА смета дека ослободувањето од оваа влада, ако не поради друго, барем од оваа причина, веќе стана обврска. Едноставно, станува збор за спасување на животите на луѓето.

Скопје, 06.01.2021 година АлтернАтивА – Скопје

АлтернАтивА: За кого важи казната за неносење маска во РСМ?

Деновиве видовме високи владини претставници кои позираат во затворени простории и на отворено без маски, која е задолжителна мерка за другите граѓани, за која тие се казнуваат од државните органи. Како што видовме, пред неколку дена премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче, позираа без маски и без одржување на дистанца, додека вчера Али Ахмети со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и сите министри од оваа партија, беа собрани заедно, да слават патетичен роденден во време на пандемија, без маски и без одржување на дистанца, сето тоа во време кога граѓаните се казнуваат насекаде токму за неносење на истите.

Затоа, АлтернАтивА го прашува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого важи казната за маски во оваа држава? Дали оваа казна се однесува само на обичните граѓани кои не се на власт или на сите граѓани подеднакво? Доколку вашиот одговор е вториот, тогаш ние очекуваме да ù докажете на јавноста дека Министерството за внатрешни работи ги казнил и овие лица за неносење маска. Само тогаш ќе имате право да продолжите да ги казнувате граѓаните за неносење маска. Напротив, веќе немате морал да изрекувате казни и ова ќе биде доказ дека на вас ви паднаа маските и го открија вистинското лице на владата, која има за цел да ги одере граѓаните со цел да ги засили луѓето од власта.

Скопје, 05.01.2021 година АлтернАтивА – Скопје

Африм Гаши оствари средба со претседателот на Уставниот суд, Салих Мурат

 

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од шефот на кабинетот, Меритон Цивули, денес оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Салих Мурат.

За време на средбата, тие разговараа за судските реформски процеси во земјата и за редизајнирање на државниот судски систем.

Претседателот на Уставниот суд, Салих Мурат, му се заблагодари на претседателот Гаши за обединувачката и охрабрувачката улога што Алтернатива ја покажува во отворањето на судските реформски процеси на државата.

 

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, оствари средба со Претседателот на турското собрание, Мустафа Шентоп

 

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од поранешниот министер за култура, моментално пратеник на Алтернатива, Хусни Исмаили, вчера во Скопје оствари средба со Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп.
На средбата со Претседателот на турското собрание, Мустафа Шентоп, се зборуваше за последните случувања во земјата и регионот, за политичко-дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Република Турција, како и за меѓуетничките односи меѓу турскиот народ и народите во Северна Македонија.
Тема на разговорот Гаши – Шентоп беше и евро-атлантскиот процес на земјата и важната и силната дипломатска улога на Република Турција во однос на Балканот, а особено на Северна Македонија.
Претседателот на турското собрание, Шентоп изрази пријателска благодарност до Претседателот Гаши, истакнувајќи ја конструктивната и ефективната улога на Алтернатива како партија на десниот центар во градење на братските и пријателските мостови помеѓу Албанците и Турците.
Инаку двете страни се согласија ваквите пријателски средби да продолжат и во иднина.

 

АлтернAтивA: Владата не успеа, но сметката ја плаќаат граѓаните со своето здравје

Загрижени поради актуелната сериозна состојба со јавното здравје во нашата земја и за тоа што може да следи, АлтернАтивА сака да алармира за крајно несериозниот и неодговорен пристап на Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести и, воопшто, на Владата, за управување со пандемијата, за итната потреба да се ангажираат сите професионални ресурси од различните сектори за справување со оваа длабоко влошена состојба и за неопходноста од подигање на свеста на нашите граѓани за почитување на мерките за спречување на ширењето на инфекцијата.
За жал, оваа Влада, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести не ги презедоа потребните мерки за да го спречат навремено ширењето на инфекцијата со COVID 19 и ја занемарија потребата да се подготват за вториот бран. Како последица на тоа, нашата земја денес се соочува со вториот бран на пандемијата, која доаѓа со многу голем број на заразени и болни со COVID-19, а и со многу смртни случаи.

Оваа ситуација го покажа следното:
– недостаток на капацитети, медицинска опрема и други материјали за лекување, особено во потешките случаи, но и на другите хоспитализирани пациенти;
– недостаток на потребниот медицински персонал, ова како последица на континуираната инфекција и болест на голем број од овој персонал во услови на отсуство на несоодветните материјали и простории во голем дел од болниците во нашата земја;
– хаосот, лошото управување и неправилната и нефункционална комуникација помеѓу Ковид-центрите;
– губење на довербата во нашиот здравствен систем;
– политизација на здравството и судир со други интереси; и
– недостаток на унифициран и усвоен протокол за лекување на овие пациенти.

За жал, надлежните институции со својата неодговорност нè доведоа до критична ситуација, каде што „вториот бран“ на пандемијата нè опфати како смртоносна бура, која секој ден сè повеќе ги одзема животите на луѓето од различна возраст. Да не заборавиме дека Северна Македонија е на прво место во Европа според смртноста од Ковид-19, ова можеби и од недостаток и лошо менаџирање со кислород на пациентите кои лежат во болници.
Во време кога министерот за здравство изјавува дека и болничките капацитети на приватните болници ќе бидат ангажирани во справувањето со пациентите со КОВИД-19, во време кога Владата прогласува 30-дневна кризна состојба, разбирливо е дека јавниот здравствен систем во нашата земја е пред колапс и дека јавното здравје е влошено многу.
Од оваа катастрофа на нашиот здравствен систем страдаат и хронично болните и другите пациенти, кои се дијагностицираат и се третираат со доцнење или кои продолжуваат да не се дијагностицираат. Оваа состојба има сериозни последици по здравјето на овие пациенти, но никој од надлежните институции не е заинтересиран и не го цени тоа, бидејќи тие се преплавени од неможноста да се справуваат со оваа состојба. Веќе е очигледно дека Владата нема способност за справување со оваа криза, но сметката за овој неуспех ја плаќаат граѓаните со здравствени последици, со економски и социјални последици, но – за жал – голем број случаи и со нивните животи.

АлтернАтивА: Ние сме ПРОТИВ легализација на марихуаната

По информацијата на Премиерот дека сака да ја легализира марихуаната и, според него, нејзино ставање на законски рамки, навидум во име на прифаќање на некои европски модели, АлтернАтивА констатира дека ова е уште еден невиден скандал на оваа влада без парламентарно мнозинство.
З. Заев можеби има семејна потреба за легализација на овој вид дрога, секако за бизнис цели, но ние не можеме да дозволиме жртвување на животот на нашите граѓани само за зголемување на богатството на семејството Заев.
АлтернАтивА, како партија која пред се е заинтересирана за здравјето и благосостојбата на граѓаните, ќе биде некомпромисен поборник во борбата против легализација на секој вид дрога, со што би се оштетил сериозно здравјето и социјалниот живот на нашите граѓани.
НЕ ДРОГА во Северна Македонија!

Скопје, 21.11.2020 АлтернАтивА – Скопје

АЛТЕРНАТИВА: Министерството за образование да им помогне на семејствата со ИКТ опрема и да ги зголеми платите на наставниците за 50 евра

Вонредната состојба, создадена како последица на корона-вирусот Ковид-19, ги натера повеќето образовни институции да ја извршуваат својата воспитно-образовна дејност од дома преку онлајн-платформите. Оваа форма на одвивање на наставата создаде многу тешкотии за семејствата, но исто така и за наставниците, бидејќи – покрај просторните услови – за овој вид на настава потребни се и дополнителни финансиски средства.
Доколку министерката Цароска ја оправдува ваквата состојба затоа што на тој начин ќе заштеди пари и нема да троши во училиштата, изгледа дека таа нема предвид дека на тој начин ги зголемува трошоците на наставниците и родителите на учениците.
Оваа е причината АЛТЕРНАТИВА да констатира дека учебната година започна без никакви подготовки и неуспехот на оваа учебна година се должи колку на пандемијата, толку и на неспособноста на Владата да го организира воспитно-образовниот процес.
Жално е што иако сите релевантни здравствени институции посочија дека вирусот Ковид-19 ќе има втор бран и се очекуваше да има пошироко ширење, почетокот на учебната година во овие околности – без обѕир на здравјето на учениците и на наставниците – беше направена со голема рамнодушност од Владата. Денес, таа станува одговорна и за инфицирањето на наставниците и учениците, чиј број се зголемува и речиси го оневозможува нормалното реализирање на образовниот процес.
Другата апсурдност на одлуката на министерката е и контролата на знаењето или тестовите, што ги принудува учениците да одат на училиште за да положат тестови и испити, а за настава им вели да останат дома. Затоа, ја прашуваме г-ѓа Цароска: „Дали ова значи дека на денот кога учениците ќе полагаат тест во училиште нема да се заразат и нема да го шират понатаму вирусот?“
Сепак, бидејќи повеќето наставници работат од дома, АЛТЕРНАТИВА му предлага на Министерството за образование и наука да одвои дополнителни 50 евра во секоја плата на секој наставник за греење и интернет, бидејќи тие сега трошат повеќе за одвивање на наставата. Исто така, за непречено одвивање на онлајн-наставата, Владата, Министерството за образование и наука, општините и другите раководители на институции треба да им овозможат на учениците оптимални услови за настава, да ги опремат со лаптопи, компјутери или таблети, како и да најдат начини за обезбедување на пристап до интернет за тие кои немаат таква можност.
АЛТЕРНАТИВА го повторува својот став дека нема попродуктивна и поважна инвестиција во општеството од образованието. Затоа нашиот повик е да ја спасиме учебната година и да ги спасиме новите генерации од неквалитетното образование.

АлтернАтивА: Претседателот Африм Гаши оствари средба со премиерот на Република Косово, г. Авдулах Хоти

Претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, во рамките на своите активности, денес во Скопје оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, г. Авдулах Хоти.
Во средбата се разговараше за најновите настани во регионот, за процесот на преговорите Косово-Србија и за усогласувањето на политичките односи на албанскиот политички спектар во Северна Македонија и Косово.
На средбата, претседателот Гаши уште еднаш ја повтори неговата поддршка и на партијата АлтернАтивА во зачувување и заштита на целосниот суверенитет на Република Косово.
Од друга страна, премиерот на Косово, Авдулах Хоти, му се заблагодари на Гаши за конструктивната улога што АлтернАтивА ја дава во албанскиот политички спектар во земјата и регионот.

Populare