Колиција АлтернAтивА и Алијанса на албанците: Бројот на починатите од Ковид-19 e показател за неодговорните институции

Следејќи ја кризната состојба предизвикана од пандемијата „Ковид 19“, како и согледување на последиците што ги носи оваа пандемија, Коалицијата „АлтернАтивА и Алјијанса за албанците“ смета дека Владата на РСМ и Министерството за здравство продолжуваат да се однесуваат несовесно кон пропустите направени од нив самите, што резултира со голем број смртни случаи, како и други здравствени и материјални штети.

Така, и покрај значителното намалување на бројот на заразени, бројот на смртни случаи останува голем. За споредба, додека во Северна Македонија во текот на април просечниот број на заразени бил 728 на ден, во Косово бил 472, а во Албанија овој број бил 189 заразени на ден. А кога се споредуваа стапката на смртност, додека во Македонија во април просекот бил 37 смртни случаи на ден, во Косово тој број бил 13, а во Албанија сме имале 5 смртни случаи на ден.

Овие бројки се показател за две констатации: 1) Дека вируленцијата на вирусот е значително намалена и ова е добра вест и 2) Дека имаме зголемување на небрежноста на владата на Северна Македонија кон пациентите со Ковид-19, што е лоша вест. Друго објаснување, како нашата земја повторно останува со толкава стапка на заразени и, особено, на смртни случаи, нема.

Значи, и покрај падот на вируленцијата на вирусот, Северна Македонија продолжува да биде меѓу земјите со најголема смртност во Европа и тоа не може да се објасни поинаку освен со целосно потфрлување на здравствениот систем. Само една несериозна држава, со ваква влади и вакви челници во Министерството за здравство, може да дозволи бројот на заразени и бројот на смртни случаи да продолжи да остане неспоредливо поголем од земјите на регионот и во Европа.

Затоа, при ваква состојба некој треба да одговара и да сноси одговорност. Во нормални околности, овие бројки значат не само оставка на министерот за здравство, туку и на премиерот, но знаејќи дека оваа влада не го познава поимот одговорност, се подразбира дека дури и овие бројки не се загрижувачки за нив.

Поради тоа, според нас, единствената можност да се спасиме од оваа неодговорна власт е таа да биде сменета што побрзо, било преку нови избори или преку создавање на ново мнозинство. Тој е единствениот начин да се спаси животот на граѓаните и да се намали бројот на загуби и неуспеси.

Скопје, 06.05.2021