Коалицијата АлтернАтивА и Алијанса на Албанците: Неспособноста на владата да обезбеди вакцини го носи Белград со двете нозе во Скопје

Јавноста во Северна Македонија секој ден е сведок на бескрајното продолжување на неспособноста на Владата да обезбеди вакцини за граѓаните. Енормното зголемување на новите инфицирања, и рекордниот број на смртните случаи непрекинато сведочат дека оваа влада во секој ден од својот живот предизвикува фатални последици по животот и здравјето на граѓаните.
Најдена во ваква ситуација, оваа влада неспособноста да обезбеди вакцини се обидува да го покрие носејќи вакцини, главно руски, од соседната Србија. За да биде уште потрагично, оваа неспособност се плаќа со привилегии кон српските граѓани, прво овозможувајќи им бесплатно да ги користат патиштата на РСМ, потоа и бесплатен паркинг како и бесплатни билети за различни посети во нашата земја.
Ова е причина да го кренеме гласот и да кажеме дека обезбедување вакцини на ваков начин, не треба да генерира привилегии за српските граѓани, за така да се оправда една неспособна власт. Дотолку повеќе што Србија историски е докажана дека немала добри намери за соседните држави, особено не кон Албанците, иницирајќи безброј пати меѓуетнички тензии во Балканот. Во оваа насока, иако изгледа дека ова не му смета на Владата СДСМ-ДУИ, секоја интервенција на Србија од Албанците се гледа сомнително и со голема загриженост.
Коалицијата Алтернатива и Алијанса на Албанците констатира дека Владата не може да го покрие својот срам со привилегии кон Србите. Подобро нека дадат оставка додека не се зголемени уште повеќе последиците по животот на граѓаните.

Коалицијата Алтернатива и Алијанса на Албанците

Скопје, 14.04.2021