Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, оствари средба со италијанскиот амбасадор во Скопје, г. Андреа Силвестри

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од пратеничката Сафије Садики – Шаини, денес оствари средба со италијанскиот амбасадор во Скопје, Неговата Екселенција, г. Андреа Силвестри.
На средбата се разговараше за најновите политички случувања во земјата, селективното судство и заробената држава од актуелната влада. Исто така, покрај акутните државни проблеми, се разговараше и за патот на Северна Македонија кон евро-атлантските процеси, како примарна цел на државата за развој и европска перспектива.
Италијанскиот амбасадор, г. Силвестри, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната и охрабрувачката улога на Алтернатива во градењето и развојот на државата кон европската агенда.
Двете страни се согласија ваквите средби да продолжат и во иднина.