Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Оваа влада е измамничка и нелегитимна

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Оваа влада е измамничка и нелегитимна

Денес, кога јавноста беше известена дека е постигнат договор за ковладеење помеѓу СДСМ и ДУИ, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјавува дека станува збор за измамничка и нелегитимна влада. Првo, е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија кој насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и, второ, измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ “. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаква политичка почит и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народот кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја.
После оваа мега-измама, што е над срамот во однос на моралот, што само нивниот образ може да го издржи, Коалицијата заклучува дека во Северна Македонија имаме политичка каста, која утре ќе биде влада, која ќе владее без принципи, туку ќе боде предводена само од тесни деловни, клански и семејни интереси. Во овој контекст, борејќи се за вистинска демократија во нашата земја, како и со цел да се грижиме граѓаните повторно да не бидат измамени, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе биде бранител и непоколеблив војник против оваа нелегитимна и измамничка влада. Од утре сме на офанзива со сите демократски средства да ја вратиме демократијата, да ја запреме манипулацијата со политичката волја и да ја сопираме измамата што виси како навика над главата на една земја која се стреми кон Европската унија.

 

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

Скопје, 18.08.2020 година