Африм Гаши се сретна со претставниците на Стопанска Комора на Северно-Западна Македонија

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од членот на Централното претседателство, Дритон Сулејмани, и шефот на кабинетот Меритон Цивули, денес остварија средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, предводени од нејзиниот претседател, г. Неби Хоџа.

Во средбата претставниците на СКСЗМ ја презентираа економската платформа за развој на Република Северна Македонија. На оваа средба се разговараше и за градење на платформа за економски развој на граѓаните, при што претседателот Гаши ја изрази подготвеноста на Алтернатива да ја креира платформата за економски развој на земјата.

Инаку претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, се очекува и во наредните денови да се сретне со претставници на стопанските комори во земјата и во регионот.